Жирона е пријатно провинциско градче. Улиците на овој град се претопуваат во средновековност и романтика. Калдрма на улиците, ќерамични кровови, прилично спротивни на современите продавници на плоштадот Рамбла.
До неодамна се чинеше дека и фудбалот во Жирона заглавил некаде во Средниот век: во чест на победите над стадионот се вееја празнични знамиња а после натпреварите играчите како да одат во Крстоносен поход.
Околу пола век Каталонците скитаа во шпанското фудбалско подземје од терсера до сегунда Б. Но тие себеси никогаш мме се чувствувале како периферија иако се на 100 километри од Барселона односно за 40 минути и 25 евра пат стигнуваат до „Камп Ноу“.
Денес во Жирона се е прекрасно - тие се десетти во најдобрата шпанска лига Примера, на неколку бода се од зоната на еврокупови, во слободно време добиваат совети од магионичарот Хосеп Гвардиола а во едно од последните кола неодамна го совладаа Реал Мадрид.
Но пред две години прашањето за играње во Примера не било поставувано ниту на сон. Клубот бил на ивица од банкрот.
Поновата историја на Жирона почнала во 2008 година. После 50 години скитање по темните лиги во ниските дивизии тие се пласираа во сегунда (втора шпанска лига). Се изборија и издржаа. Им требале повеќе средства кои сопствениците не можеле да им ги обезбедат.
Во 2010 година за клубот се заинтересирал шпански магнат, крупен извозник на металургија Хозеп Делгадо. Новиот сопственик инвестирал 8 милиони евра во клупската инфраструктура.
Во 2011 година судството на Полска го обвинила Делгадо за махинации и затајување данок со што ја оштетил државата за 120 милиони злоти или 30 милиони евра. Бизнисменот од компанијата Metallhandels & Recycling Altenburg тргувал на полски пазар со помош на фиктивни фирми.
Проблемот, судењето и спорот почнал во 2012 година. Пари клупската сметка практично и да немало, играчите се бунтувале, протестирале навивачите.
Неколку години така Делгадо управувал со клубот од дистанца, а прес-конференциите ги држел на Skype. Во 2015 година не можел ништо сам затоа што клучните луѓе од управата дале оставка. После една година магнатот го уловиле во Севиља - околу полноќ во еден од најдобрите ресторани во градот, „Алкала де Гуадира каде вечерал со пријатели и го екстрадирале во Полска.
Ситуацијата била критична. Од една страна екипата играла добро, но од друга Жирона одела по јаже. Биле пред банкрот без скршена пара во клубот.
Во 2015 година француската медиумска-компанија TVSE Futbol купила акции од клубот, го платила долгот на Делгадо од 3,5 милиони евра, го зголемила буџетот и ги покрила сите долгови.
Сопственици на TVSE биле поранешни вработени на францускиот Canal+. Во првата недела по купувањето на клубот TVSE ја привлекла компанијата Media Base Sports (MBS) во улога на посредник и фактички го предала клубот во нејзини раце.
55% од акциите на MBS се во сопственост на Пере Гвардиола (брат на Пеп Гвардиола). Пере е човек од шпанската фудбалска школа. Негови менаџери се агенти на Пеп, Луис Суарез и други ѕвезди. Тој секојдневно ги следи пониските шпански дивизии а пред една година бил посредник во зделката меѓу семејството Поцо и кинеските инвеститори во продажбата на Гранада.
Во 2016-та година сопственикот на британската компанија T4C Sports Рикардо Луиз Пини го дал на суд фудбалскиот клуб Жирона затоа што и тој учествувал во продажбата на клубот. Настојувал дека компанијата прво заклучила договор на 2 милиони евра со кои откупиле 482.541 акции на клуот или еквивалентно 94,58% од капиталот, а Делгадо претходно имал договор со T4C за да земе повеќе пари од фирмата TVSE.
Но судот досудил во корист на Жирона.
Од 2015-та овој клуб активно се дружи со Манчестер Сити иако претходно немале никакви заеднички врски. Сега газдите-шеици на Сити се заинтересирале за каталонскиот клуб а откако Пеп стана тренер на „Граѓаните“ тие го убедувале брат му Пере да ја земе Жирона под своја контрола.
Пеп со радост доаѓа во Жирона и се консултира со стручниот штаб. А Пабло Мачин посетува семинари на Пеп и оди кај него на гости во Англија. Во две години Жирона оствари историски успех - првпат во историјата стигна во Примера. Таквиот подвиг шеиците решиле да го наградат.
Во август годинава компанијата City Football Group која што одговара за фудбалски прашања во гигантот Abu Dhabi United Group (ADUG) официјално купила 44,3% од акциите на Жирона.
ADUG е во сопственост на Мансур ибн Заид ал Нахајан, член на кралството семејство на емирати во Абу Даби. City Football Group владее со фудбалски клубови на секој континент со исклучок на Африка: Манчестер Сити - Европа, Њујорк Сити - Северна Америка, Мелбурн Сити - Австралија, ургувајскиот Торке - Јужна Америка, јапонска Јокохама - Азија.
Во октомври 2017 година на Мадридскиот форум настапил Дон Дрансфилд, претставник на City Football Group. Тој раскажал за плановите на компанијата поврзани со Жирона: „Летово City Football Group заедно со Girona Football Group под раководство на Пере Гвардиола купи 44,3% од акциите. Заедно сега имаме 88,6% од акциите. Со текот на времето планираме да го зголемиме капиталот до 96%. Ние имаме план за долгорочна соработка со шпанскиот клуб“.
Прва заедничка работа беше снабдување на Сити со квалитетни таленти од младинските школи и обратно, талентирани деца од Манчестер да одат во Жирона. Најдобро од сите се снајде позајмениот во Сити Пабло Мафео. Брзиот бек сезонава успеа да ги скроти Меси и Роналдо.
„По мечот со Барса Меси ме праша дали сум позајмен од Манчестер Сити и колку години имам. Морав да зборам со него и не гледав на топката. Тоа беше психолошки тешко“.
Практично во Жирона има и други играчи под договор со Сити а кои се позајмени во Шпанија: Алекс Гарсија, Даглас Луз, Марлос Морена, Олареважу Кајоде. Единствена шанса добил и тренерот на Жирона Пабло Мачин кој учи од методите на Пеп во Англија. Младиот тренер со стил на 23 години ја прекинал играчката кариера. Нумансија го ставила за тренер во детските категории а стигнал до главен тренер на клубот. После пар сезони него го ангажирала Жирона со која сезонава игра одличен фудбал.