И официјално Бојан Миовски го направи големиот трансфер и стана нов играч на Жирона.
Да потсетиме, тоа е сензацијата на Шпанија и една од најголемите во Европа минатата сезона, бидејќи ги изненади сите и заврши на трета позиција пред еден Атлетико Мадрид.
За македонскиот репрезентативец ова ќе биде огромен предизвик, бидејќи ќе игра во Ла Лига, една од најсилните лиги во светот, а веќе наредниот месец го чека Лига на шампиони.
Во напад ќе треба да ја пополни позицијата на Артем Довбик кој го напушти клубот и се пресели во Рома.
Се работи за трансфер од 8,5 милиони евра и договор на 4 години, што значи дека Абердин одлично ќе заработи, затоа што пред две години за него на МТК Будимпешта и плати 624.000 евра.
Миовски заминува во Шпанија како голема надеж откако за Абердин минатата сезона блесна со 26 гола на сите натпреварувања и беше прогласен за играч на сезоната во шкотскиот прволигаш.
Жирона објави видео со овошна салата која во Шпанија и Италија се вика „Македонија“.
🇲🇰🇲🇰🇲🇰 pic.twitter.com/c3fdhybcwJ
— Girona FC (@GironaFC) August 15, 2024
WELCOME BOJAN! 👋
— Girona FC (@GironaFC_Engl) August 15, 2024
🔗 https://t.co/qhd5jwGYal pic.twitter.com/jJXSAot0Qg