Македонскиот центарфор кој стана миленик на навивачите на Абердин ја напушта Шкотска после феноменалните партии во кои експресно брзо покажа од каков штоф е.
Миовски не беше дел од тимот на Абердин против Сент Мирен, но по завршувањето на мечот отиде да се збогува со навивачите.
Замина после двегодишен стаж со почит, со вкупно 44 гола, 18 во првата и 26 во втората, во која го сместија во тимот на сезоната и го прогласија за играч број 1 на Абердин.
Тој практично доби две награди за најдобар играч на сезоната. Првата по пат на гласање од страна на соиграчите, а за втората го изгласаа навивачите.
Следниот предизвик за 25 годишниот македонски репрезентативец е многу посериозен и се вика Ла Лига.
Ќе потпише за тимот на Жирона, една од најголеми сензации во Европа минатата сезона, која заврши трета пред еден Атлетико Мадрид.
Тоа значи дека од септември ќе игра и во Лига на шампиони, што е ретка привилегија за македонски фудбалер.
🎶 Somewhere in the box he's scoring 🎶#StandFree | @bojanmiovskii 🇲🇰 pic.twitter.com/hrP1gRDp5k
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) August 11, 2024
🎥🔴 An emotional Bojan Miovski gets a heroes send off from the Aberdeen support, ahead of his move to Girona.#Aberdeen #StMirren pic.twitter.com/T13Y92OsEl
— PLZ Soccer (@PLZSoccer) August 11, 2024