Голман башка будала или голман крал?

За време на мечот Жирона - Алавес (1:1) на кој Кристијан Стуани постигна прекрасен гол, голманот на домашните Јасин Буно направи многу ризичен дриблинг во стилот на Зинедин Зидан. Има среќа што му успеа.

 

Јасин Буно е во топ 10 голмани во петте топ лиги во Европа по процентот на одбрани. Мароканецот има договор со Жирона до 2021 година.

За овој дриблинг кој Зидан го усоврши, самиот Французин рекол: „Еднаш постариот брат ми ја покажа финтава на улица. Ми требаа осум години да почнам да го правам по автоматизам“.

13 јануари 2019 - 10:46