Миовски распали во Ла Лига со два гола и асистенција

Неполн месец откако ги даде првите два гола во дресот на Жирона во Куп натпревар, Бојан Миовски конечно ја начна мрежата и во шпанското првенство.

Жирона го декласираше Еспаљол со 4:1 и сите голови ги постигна до 27-ма минута.

Македонскиот репрезентативец прво му асистираше на Хил за водство од 6 минута, a потоа даде два комада во 16` и 21` минута.

Миовски го разби малерот во Шпанија и тоа со два комада за 4 минути

23 ноември 2024 - 20:25