Миовски го разби малерот во Шпанија и тоа со два комада за 4 минути

Македонскиот центарфор се израдува на првите голови во дресот на Жирона и тоа во вистински момент, на само две недели до следните репрезентативни настапи.

Бојан Миовски го скрши мразот после два месеци во дресот на Жирона, во Куп натпревар против Екстремадура и тоа со два гола.

Резултатот го отвори Жил во 12 минута, а во второто полувреме нашиот напаѓач се отвори со два гола во 58` и 62` минута. Конечните 0:4 против нисколигашот ги постави Мартинез.

Македонскиот напаѓач нема голема минутажа за Жирона, но овој пат ја искористи шансата максимално и им ја покажа на Шпанците умешноста во шеснаесетник. 

Жирона на 2` и 9` ноември игра во Ла Лига против Леганес и Хетафе, а измеѓу двата меча ги чека натпревар во ЛШ против ПСВ.

Потоа Миовски доаѓа во Скопје за настапите на Македонија на Градски против Летонија и Фарски Острови на 14 и 17 ноември.

31 октомври 2024 - 08:16