19 годишен бек на четвртолигаш одбрани пенал и ги исфрли Жирона и Миовски од Купот

Натпреварите во Купот често знаат да донесат изненадувања во Англија, Германија, Шпанија, но ова што му се случи на Бојан Миовски е уникатно и ќе се раскажува со децении.

Пукнаа две сензации во второто коло од Копа дел Реј и тоа и на двете средби прволигаши се посрамотија со четвртолигаши. Виљареал е елиминиран од Понтеведра, а Жирона од Логроњес. Во билтен ги нема екипиве.

Одиме директно на вториот дуел, бидејќи доби скроз луда разврска, невидена до сега на фудбалот.

Како домаќини на мечот, анонимните четвртолигаши извадија 0:0 во регуларниот дел против фаворитот кој сезонава игра во Лига на шампиони.

И потоа почнува драмата. Им се повредува голманот после завршени максимален број на измени и на гол застанува 19 годишниот дефанзивец Пол Арнау кој ќе стане херој не само на мечов, туку на два по ред.

Во првото коло Логроњес одите понатаму поради негов гол во 108-ма минута, а синоќа малиот се надмина себе си.

Како лев бек со голмански ракавици, не прими ниту еден гол во продолежнијата, а во пенал серијата го одбрани последниот во петтата серија и го однесе својот тим во топ 32.

Жирона која лани заврши трета на табела и која сезонава игра во Лига на шампиони е елиминирана од четвртолигаш, формиран во 2009-та. Што ти е фудбалот.

Инаку Пол Арнау очигледно наследил нешто од татко му. Се работи за син на Франсеск Арнау, кој бранеше за Барселона (1996-2001) и Малага (2001-2011) и кој почина пред три години на 46 годишна возраст.

Инаку Бојан Миовски не беше во составот на Жирона, наводно поради поштеда во пресрет на густиот распоред.

На 9 декември четвртолигашите ќе го дознаат противникот во третото коло. 

5 декември 2024 - 12:16