Еибар освои 19 поени на последните 7 средби, учинок каков што немаат ниту најголемите екипи на континентот. Денес со право ја сонуваат Европа на лето.
Интересно, Еибар ја игра четвртата сезона по ред во Ла Лига по исторскиот прв пласман во 2014-та. Тимот предводен од легендарниот тренер на Билбао, Хозе Мендилибар доаѓа од најмалото место на сите шпански прволигаши. Стадиончето им собира нешто повеќе од 6.000 гледачи, но екипата нема гајле и во моментов е на високот 7. место во зоната која води во Лига Европа.
Con 19 de los últimos 21 puntos posibles, somos séptimos con 27 puntos. 💪💪 Aupa Eibar! Gora Eibar! pic.twitter.com/w7LdSKTVc3
— SD Eibar (@SDEibar) January 8, 2018
МОДЕЛОТ ЕИБАР
Основани во 1940 година и наречени „Armeros“ поради производството на воени делови по кои е познат овој град, бордо-сините се наоаѓаат на средина меѓу Билбао и Доностија, најпознатите фудбалски места во традицијата на Баскија.
И покрај тоа што клубот од провинцијата Гвипузкоа играл одлично на патот кон Ла Лига од четвртата дивизија, настапот во елитата им бил под ризик зошто пред три години Еибар бил приморан да има буџет од 1,7 милиони евра за настап во Ла Лига. Таква била одлуката на Ley del Deporte (Спортскиот Суд на Шпанија).
Ризикот од испаѓање во трета лига и покрај обезбедениот пласман во Примера бил избегнат затоа што 11.000 акционери од целиот свет кои биле социоси во Еибар, му помогнале на клубот.
На крајот Еибар во конкуренција на давениците Депортиво, Гранада и Елче (последниов бил исфрлен од натпреварувањата поради големи долгови и стечај), чесно добил дозвола да игра.
Баскијците ја почнаа сезонава очајно. Имаа 7 порази во првите 11 кола и само 8 освоени бода што бил најлош старт во клупската историја. Но управата имала доверба во Хозе Луис Мендилибар, генерација 1961, Баскиец од реонот Бискаја, некогашен тренер на Ваљадолид и Осасуна.
Лани со Мендилибар на клупата, Еибар заврши 10, нималку лошо ако се знае дека се четврти клуб во хиерархијата на Баскија после Атлетик Билбао, Реал Сосиедад и Алавес.
Препородот почнал од 20. ноември до денес, период во кој Еибар славеше 6 победи со 17 постигнати гола (и го земаа скалпот и на Валенсија) и само една нерешена 0-0 на гости против Гетафе каде Жордан промашил пенал за гостите од Баскија. Последен пат Еибар во шпанската лига изгуби на 5. ноември 2017-та од Реал Сосиедад (3:1).
Таквите резултати го ставаат тимот во редот со екипите кои се во најдобра форма од Топ5 лигите: Манчестер Сити, увентус, Барселона, ПСЖ и Баерн Минхен.
Еибар е мошне скромен клуб, играчите земаат минимални плати па главен јунак во приказната е тренерот Мендилибар кој има повеќе од 800 „клупи“ во различни лиги во Шпанија. Претседателка на клубот е Амаја Горостиза која што е горда на дефанзивците Арбиља и Кама, откритието на младите Алехо и Џордан се до Бразилецот Чарлс, најдобар стрелец во составот со 6 гола.
Во првите 11 е и поранешниот фудбалер на Селта, Чилеанецот Орељана кој дојде на позајмица од Галиција и веднаш даде гол против Лас Палмас. Капитен на тимот е Дани Гарсија, носител на играта е Јапонецот Инуи (го даде 70.000 гол во историјата на Ла Лига), а нападот го предводи Серхи Енрих, снажен центарфор кој во минатото бил посрамен поради објавено негово порно видео на Интернет.
Во Еибар во моментов игра и Бебе (сигурно се сеќавате на пародијата со неговиот метеорски трансфер во Манчестер Јунајтед), а тука е и 28-годишниот лев бек Хозе Анхел кој одигра 32 меча во Рома кога тренер беше Луис Енрике (Хозе има 5 асистенции колку што има и Жорди Алба - два бека со најмногу асистенции).
5 - Eibar's José Ángel is La Liga defender with the most assists in La Liga this season (5, same as Jordi Alba). Tray pic.twitter.com/YaOIUQi6V5
— OptaJose (@OptaJose) January 6, 2018
Интересно минатото лето Еибар го продаде Французинот Лежун за 10 милиони во Њукасл и за малку пари ги донесе Оливеира, Дмитровиќ, Жордан, Јоел и Алехо. Маскотата на тимот е кучето на капитенот Гарсија кое го нарекол Манолито и кое неодамна „потпишало договор до 2020-та“
🔊 OFICIAL | Manolito 3° fichaje de invierno del Eibar.
— SD Eibar (@SDEibar) December 28, 2017
El perro de nuestro capitán @danigarcia16 firma hasta 2020 #Manolito2020 #WelcomeManolito pic.twitter.com/w225Nhy5Tk
Енергијата со која игра Еибар и атмосферата во тимот им даваат простор да се надеваат дека наскоро ќе имаат историско деби во Европа.
this is EIBAR 💪
— SD Eibar (@SDEibar) December 22, 2017
🎥 The ENERGY in our changing room a few minutes before #EibarGirona.. pic.twitter.com/DBkeFPIeWQ