Што напишал Џохар Царнаев во чамецот

Криејќи се во чамецот во кој подоцна беше фатен, еден од браќата кои го изведоа масакрот на бостонскиот маратон, пишувал манифест како не можел веќе да издржи неправди. Брат му веќе да ти бил во рајот.

Како вистините се потврдија сознанијата дека еден од бомбашките напаѓачи на бостонскиот маратон напишал тестаментална порака додека се криел во чамецот во кој и беше фатен.

"Љубоморен сум на брат ми", пишал Џохар Царнаев, уверен дека неговиот брат веќе се насладува на рајските награди заради стореното дело. "Но, Бог има план за секој од нас. За мене е да се кријам во ова бродче и да објаснам зошто сме го сториле тоа."

Благодадејќи на новооткриените документи во судскиот случај, се дознава дека Џохар Царнаев веќе не можел да гледа како Американците убиваат недолжни цивили.

"Треба да знаете дека се борите со луѓе кои кога гледаат цевка вперена во нив, гледаат Рај. Не можете против такви. Нам ни е ветена победа и неа сигурно ќе ја добиеме."

Документот го поднесоа обвинителите како доказ против тезата на одбраната дека браќата дејствувале сами. Според обвинителите, целото писмо (кое го имате тука) е пишувано со симптоматичната реторика на Ал Каеда.

23 мај 2014 - 10:48