Министерот Бабула Гаур објаснил дека силувањето е криминал само ако тоа е пријавено во полиција.
"Ова е криминал кој зависи од мажите и жените. Понекогаш е во ред, понекогаш не е. Се додека нема пријава за тоа, ништо не може да се случи," изјавил министерот задолжен за редот и законот во Мадја Прадеш (популација: 72,6 милиони луѓе).
Гаур му дал поддршка и на првиот човек на регионалната Самаџвади партија, Мулајам Синг Јадав, кој на локалните избори ги критикуваше промените на кривичниот закон кои предвидуваат смртна казна за групно силување: "Момчињата прават грешки. Ќе ги бесиме ли за силување?"
Новиот премиер на Индија, Нарендра Моди (инаку од истата партија со Гаур), се уште нема ништо изјавено за двојното убиство кое се случи во село оддалечено околу 12 часа возење од Њу Делхи. За убиството се уапсени тројца мажи, а двајца полицајци се во притвор заради обид за прикривање на убиството. Во просек во Индија се пријавува силување на секои 21 минута.
Во меѓувреме од ова убиство, во друга сојузна држава една жена беше групно силувана, по што била присилена да испие киселина и била задавена до смрт. Во друг случај, жена била застрелана со пиштол затоа што им се спротивставувала на напаѓачите.