Во моментов секој секого обвинува за прекршување на Женевскиот договор, потпишан неодамна со цел да се намалат тензиите во Украина. Всушност обвинувањата за прекршување на обврските на другата страна започнаа уште кога мастилото на потписите беше свежо.
Но, за некои засегнати регионални страни и самиот договор е чуден и индикативен. Полската Gazeta Wyborcsza проценува дека со тој договор на Путин му е дадена лиценца да тргне и по другите делови од Украина.
"Нели е чудно што во договор нема ниту збор за Крим?", прашува аналитачарот на магазинот потсетувајќи на старата навика на "сојузниците" заради свои интереси да поткусуруваат со туѓи земји.
Се алудира на 1938-ма година кога на Хилер на тацна му беше дадена Судетската област, гранични подрачја на Чехословачка населени со германско население. Договорот беше потпишан во Минхен без присуство на претставници на самата Чехословачка ама затоа беа присутни сите значајни европски сили, вклучуувајќи ги и Франција и Британија кои покажаа дека нивното воено сојузништво со земјата која се нуди на анектирање е беспредметно.