Документот од 2 страни треба да биде разговаран на 27-ми мај и на него содржи три сценарија кои се наредени по интензитет - низок, среден, висок.
Сценариото со низок интензитет забранува увоз на крзна, дијаманти, скапоцени метали, вотка и кавијар. Средното е во оваа забрана да се вклучат и продажбата на ѓубриво (за земјоделие), хемикалии, гуми и бродови на Русија, како и забрана за увоз и извоз на оружје. На највисоко ниво на интензитет би се забраниле сите инвестиции во Русија и комплетна забрана за увоз на гас и нафта од земјата. (Русија покрива околу 30% од енергетските потреби на ЕУ, и од тоа во 2013-та има заработено околу 130 милијарди евра.)
Проблемот околу трите сценарија е што тие мора да бидат прифатени едногласно, што е компликувано заради поединечните односи што ги имаат членките на ЕУ со Русија. Италија, Грција и Германија, се плашат од тоа како оваа одлука ќе влијае на трговските и енергетските врски што ги имаат со Русија, додека Кипар и Австрија се плашат по финансиска основа, заради огромниот капитал што Русите го имаат кај нив.
Паралелно со ова Дојче Банк направи анализа од која излезе дека ЕУ може да си дозволи построги санкции кон Русија и дека тоа нема страшно да влијае на БДП-то на Унијата. "Дури и ако санкциите ја намалат економијата на Русија за 10%, влијанието што тоа ќе го има над Германија, ќе биде минимално, отстранувајќи околу 0,5% од растот предвиден за 2014-та."