Околу Новозипков, Русите најмногу имаат распоредено пешадија (падобранци и Спецназ), кај Лгов преовладуваат оклопните единици, а околу Белгород (карши Харков) е стациониран најголемиот дел од руската војска, комбинирано и пешадија и оклопни единици. На Крим веќе се стационирани комбинирани сили, кои имаат поддршка од единиците кои чекаат на руско тло во Новоросиск.
Од украинска страна војската е распрореден на три фронта. Едната е на границата со Молдавија, односно регионот Транснистриа кој руското малцинство сака да го отцепи од Молдавија. Вториот дел е на границата со Крим и во офанзивата на Словјанск и градовите кои беа запоседнати од руските сепаратисти. Додека третиот дел е на граничната линија со Новозибков, Лгов и Белгород, каде што треба да спречат евентуална инвазија од Русија.
Вака изгледа стратешката распореденост на единиците на двете армии и нивното потекло: