Ој машино, јебем ли ти пругу

Главниот оператор со француските возови, компанијата SNCF откри дека новите 2.000 воза за кои потрошила неверојатни 15 милијарди долари не ги собира на голем дел железнички станици во земјата.

 

Вкупниот срам на компанијата ќе чини околу 50 милиони евра колку што се проценува дека ќе чинат реновирањата на железничките постојки за кои новите возови се прешироки.

Ова е само првичниот и ургентен трошок за да можат возовите воопшто да поминат низ таквите станици а конечната штета ќе биде далеку поголема бидејќи постојат околу 1.000 железнички станици во Франција кои мора да бидат реновирани за да се адаптираат на новите возови. 

Грешката изгледа настанала откако главниот оператор на железниците им дал погрешни димензии на луѓето од компанијата која ги набавувала возовите.

Операторот признава дека ја утврдиле грешката малку предоцна (15 милијарди предоцна) а министерот за транспорт ова го стави на адреса на комплетно апсурдниот железнички сообраќај во земјата, роден откако државата реши да формира две различни компании кои управуваат со пругите и со возовите.

21 мај 2014 - 11:45