Старбакс престана да купува кафе

Најпопуларниот светски ланец за кафе цел месец нема купено ни зрно сировина. Скапо му е.

Цените на кафето на светските берзи во моментов достигнуваат луди височини, првенствено поради сушата која го погоди Бразил, најголемиот светски производител на кафе. 

На пример, цената на кафето Арабика е скокната за 90 проценти и сè уште расте.

Од тие причини, ланецот Старбакс реши да престане со купување кафе во овој период и да почека да види дали се работи за привремена паника на берзата или пак за подолгорочно поскапување на нивната основна сировина.

Цел месец Старбакс нема купено ни зрно кафе и се потпира на залихите и на оние набавки кои се веќе заклучени,

"Ние бараме стабилност, а кога ти треба стабилност, не можеш да трчаш по пазарот," изјави главниот за набавки во познатиот ланец.


Жетвата на кафето во Бразил е на половина пат па Старбакс и сите други што живеат од кафе се надеваат дека крајните резултати ќе бидат пооптимистични од сегашните износи.

 

3 мај 2014 - 10:45