Со 56- 38 гласови во Сенатот падна законот со кој на 40 милиони луѓе ќе им се дадеше шанса малку финансиски да здивнат со тоа што ќе можат земените студентски кредити да ги репрограмираат на пониска рата од 3,8 проценти.
За да не падне товарот на оваа благородна идеја на државата (а не се работи за мала сума туку за 51 милијарда долари), идејата беше таа да биде подржана од најбогатите луѓе кои дополнително би се оданочиле за да се плати цехот.
Идејата ја поддржа и Барак Обама а законот го буткаше сенаторката Елизабет Ворен.
"Денеска е добар ден за американските милијардери. Ама, не е добар денот за 40 милиони луѓе кои се гушат во студентски долгови. Ова го поставува прашањето: За кого всушност работи Вашингтон," изјави сенаторката по неуспехот на нејзиниот предлог.
На Демократите кои беа носители на предлог законот, во гласањето им се придружија само тројца Републиканци.
Инаку, самата идеја потекна од милијардер, филантропот Ворен Бафет.