Кој се бори во Ирак и зошто

Минатата недела падна Мосул, вториот по големина град во Ирак. Западните (ТВ) аналитичари затекнати целосно неподготвени од ситуацијата одма почнаа да роварат околу тоа кои се добрите, а кои се лошите, и што всушност се случува во Ирак кој тие го оставија во мир.

Клучни работи што треба да се знаат е дека нема "добри" за кои може да се навива. "Традиционалното, непријателот на мојот непријател, е мој пријател, тука непријателот на мојот непријател, сепак може да ми е непријател. Дури и ако денес поддржиш некоја од страните, тоа не значи дека не сте биле непријатели во минатото или дека нема да бидете пак во иднина."

Најчеста, но не и најточна поделба, е ова да се карактеризира како борба меѓу Сунитите и Шиитите. Како и сите работи во регионот, поделбата е многу подлабока, и има многу поопширно објаснување, ама за да не се изгуби приказната, проблемот се сведува на Сунити против Шиити.

Тим Сунити

Тука главни играчи се ИСИС. Групата е основана во средина на 2000-те, за време на Војната во Ирак, и со тек на време развива блиска врска со локалните филијали на Ал-Каеда. ИСИС својот врв и репутација го достигнуваат во војната во Сирија, како лудаци од кои дури и Ал-Каеда се откажала.

Најчестата забуна е дека ИСИС е масовна армија која се' гази во Ирак на својот пат до Багдад. На терен тие се околу 10.000 луѓе, кои предводат "цело море од сунитски милитантни групи гневни на Ирак." (Садам беше Сунит.)

Иако по бројки преставуваат сериозно голема воена формација, малку е веројатно дека тие така и се координирани, да се борат како дивизија или бригади. Тие многу повеќе функционираат како милиција отколку како терористи. Најчесто се организира во групи од 100 до неколку стотини борци, и се потпираат на силната поддршка од локалните Сунити.

ИСИС има еден контингент од околу 1.000 Чечени и уште 500 борци од Западот, меѓутоа најголемиот број од членовите се Ирачани.

Тим Ирак

Уште од старт речиси никој не се бори за Ирак.

Иако Садам како Сунит и Ирачанец се бореше против Шиите и Иран, тој ова го правеше туркајќи ја Баат идеологијата (ширење социјализам и создавање на една голема арапска држава).

Садам беше подеднакво суров со Шиитите како и со сите други националности во земјата, ама тоа кај него е дел од ширењето на Баатизмот. Заради ова тој не привлекуваше толку гнев по етничка линија, кој инаку би му следувал.

По војната во Ирак, САД успеа барем за кратко да промовира обединета ирачка армија, во која членуваат сите етнички групи и во која сите работат заедно. Проблемот е што на крајот, за време на повлекувањето, на власт дојде ал-Малики. "Тој со себе носи цел кош лоши одлуки кои го промовираат Тим Шиити, и го напуштија Тим Ирак, кој уште од старт не ни беше толку силен."

Тим Шиити

Малики од старт удри на Сунитите и Курдите, на ист начин како што тоа Садам го правеше со Шиитите и Курдите, со две клучни разлики. Прво, Малики паралелно со ова не промовираше над-етнички вредности и идеологија. Второ, Садам генерално го сомничеа дека е човек на Саудијците и Заливските држави; Малкики е далеку поотворен околу врската со своите добротвори, Иранците, од кои зависи за добивање гласови од клучните блокови во земјата.

Цело време додека е на власт Малики постојано наоѓа оправдание да удри на Сунитите, Курдите и сите останати кои генерално не се Шиити. Како резултат на ова Ирачката армија се враќа на старите патишта и сега е поделена по етничка линија, пребогата со корупција и национализам, заради што таа е претворена во шиитска милиција на Малики.

"Никој не ни можеше да погоди колку брзо и длабоко ова ја има поткопано ирачката армија, се до минатонеделната битка за Мосул, кога околу 800 војници на ИСИС разбија две ирачки дивизии со вкупно околу 30.000 војници, кои бегајќи ги фрлаа своите униформи и опремата," пишува Рајан Фејт во анализата за Вајс.

По ова Иран објави дека во Ирак ќе пушти свои војници од Револуционерната гарда, која треба да и помогне на локалната армија.

Освен ова Малики доби отворена понуда од Иран, да побара се што му треба во борбата проти ИСИС и Сунитите.

Тим Курди

Курдите можат да излезат како потенцијални победници од целата работа, и автономниот курдистански регион од северот на Ирак да го спојат со сличната територија што во Сирија ја направија сириските Курди.

Ирачките Курди имаат и сопствени воени единици, Пешмерга, кои доста солидно се бореа рамо до рамо со Американците за време на Војната во Ирак. Моментално Курдите не се премногу заинтересирани да се борат против ИСИС во име не ирачката влада. Додека САД беа во Ирак, Курдите беа едни од главните сојузници на властите.

"Како што Ирак станува се повеќе врзан со Иран, а се подалеку од САД, станува помалку веројатно дека САД може да има некакво влијание за да ги спречи ирачките Курди да се отцепат," објаснува Фејт, кој цитира и едно интервју на портпаролот на турската владејачка партија, кој објаснува дека Турција не би имала ништо против тоа Курдите во Ирак да создадат слободна држава.

Тотал

Малку е веројатно дека ИСИС ќе го освојат Багдад брзо или без голема битка. Станува збор за претежно шиитски град, каде што шиитските милиции се на домашен терен и имаат поддршка од локалното население.

Исто така ќе мине некое време додека се смири сунитското востание во Ирак или додека ИСИС го протераат од Ирак.

"Сигурно е само дека ништо нема брзо да заврши."

20 јуни 2014 - 18:34