Одлуката е донесена на самитот во Екваторијална Гвинеја, а гласањето минало без присуство на медиуми. Веста за масовниот имунитет била само спомната во изјава од понеделникот вечерта во која биле сумирани резултатите од самитот.
Амандманот им забранува на судовите да прогонуваат актуелни африкански претседатели и "непрецизно идентификувани 'високи функционери.'"
Како аргумент во корист на оваа одлука се објаснува дека "кога африканските лидери не би се грижеле за сопствената судбина, тие не би имале што да изгубат од соработката со судот."
Пред самитот на предлогот за имунитет се противеа 42 африкански и меѓународни здруженија и групи за човечки права. Паралелно со ова, во Меѓународниот кривичен суд има обвиненија за прекршување на човечки права за двајца актуелни и еден поранешен африкански претседател.