Веста ја шири ЕјБиСи њуз, а нејзин основен извор е Твитер, меѓу кои и твит од "ThirdPosition," американска нео-фашистичка група.
На страна изворот на мапата самата нејзина содржина е оспорена од експертите на темава, конкретно Аарон Зелин стипендист на Вашингтонскиот институт за Блиско-источни политики, инаку аналитичар на материјалите создадени од исламистички движења.
"Ова е стара слика објавена од фановите на групата. Нема ништо официјално околу неа, ниту пак има 5-годишен план," објаснува Зелин.
Самата мапа е комбинација од неколку историски мапи (од различен период) на повеќе муслимански империи. Дел е од империјата од 7-от век од која произлегува денешна Саудиска Арабија, а друг дел од Отоманската империја.
Ироничноста на мапата е во тоа што таа опфаќа голем број територии во кои владее форма на Ислам и политики кои ИСИС ги смета за навредливи.
"Наједноставно, идеологијата на ИСИС доаѓа од гранка на модерниот Ислам кој инсистира на враќање на пуританските почетоци на Исламот, отфрлајќи ги подоцнежните 'иновации' на религијата, за кои веруваат дека го корумпирале нејзиниот оригинален дух.
Меѓутоа историски најголем дел од овие иновации се одговор на политичките потреби на Исламот за владеење со империи кои се шират. Како што раните муслимански лидери се справуваат со првичните внатрешни поделби и апсорбирањето на територии со не-Муслиманско население, Исламот развива нови верзии на религиозните закони (Шиитски ислам и суфизам, и двете омразени од ИСИС) и начини за соживот со христијаните и Евреите. Ова наследство доведе до тоа организации како ИСИС и Ал Каеда да ги осудат подоцнежните калифати и Отоманската империја за преголемо скршнување од она што тие го гледаат како чист Ислам - од тука е и нивната желба да почнат од почеток," пишува Тим Ферхолз за Quartz во анализата околу објавената мапа.