Администрацијата на Обама побара половина милијарди долари за поактивно постигнување мир и благосостојба во Сирија.
Со други зборови, парите ќе се искористат за доставување оружје и тренинг услуги на сиријската опозиција која сака да го сруши Башар ал Асад.
"Да им помогнеме да ги одбранат луѓето во Сирија, да ги стабилизираме регионите под контрола на опозицијата, да создадеме услови за преговорачки договор", се вели во писменото образложение на барањето.
Овој "сиријски пакет" е дел од еден многу поширок програм за прекуокенаски мирови и благосостојби за што во буџетот се одвоени 65,8 милијарди долари.
Од една страна, Обама подолго време е мета на критика заради пасивноста околу Сирија. Од друга, многумина страхуваат дека американската помош во оружје брзо ќе се најде во рацете на оние кои не треба.