Бруталната сунитска милитантна групација ИСИС објави серија фотографии кои навестуваат досега невидено масовно стрелање на заробени војници од редовите на ирачките Шиити.
Фото доказите ги пуштија на својот Твитер акаунт прославувајќи ја смртта на 1.7000 заробени војници. Фотографиите сведочат дека се работи за масовна операција (трпање во камиони, сериско стрелање, масовни гробници во пустина), иако билансот на жртвите досега не е потврден од независните мониторинг групи кои делуваат на теренот.
Ситуацијата во Ирак стана драматично лоша откако по Фалуџа, милитантните освоија уште некоку битни градови во земјата, меѓу кои Тикрит и Мосул. Последниов е втор по големина град во Ирак во кој живеат преку 2 милиона луѓе.
Самата ИСИС своевремено беше дел од групацијата Ал Каеда но беше исфрлена од таму заради бруталност и неконтролирана екстремност.
Поентата на ваквите масовни злосторства е секогаш иста. Да се предизвика гнев кај другата страна па Шиитите да им се одмаздат на Сунитите па Исис да се појави како единствен нивен заштитник.
Беспредметно е да се каже, но фотографиите се вознемирувачки и сведочат за огромно воено злосторство. Одбираме само неколку.