Свет

Азилантите ја трошат Холандија со генерации

Холандската десничарска влада планира да го заузда напливот на мигранти, особено оние кои се дојдени по азил, за да има контрола врз вкупниот прираст и димензионирањето на јавните сервиси. Најтешка за економијата е структурата на надворешниот прилив. Некои веднаш се исплаќаат, некои пак, дури и нивните деца не можат да го покријат она што државата го потрошила на нив.   

Њујорк, градот кој никогаш не спие... мирно

Во 80-тите години, во Њујорк и особено во некои негови делови, како метрото и Централ парк, беше толку опасно што крадците почнаа да бидат пљачкани од други крадци. Тогаш се појавија групи граѓани кои се самоорганизираа за да се заштитат од бандитите. Неколку децении подоцна, ваквите групи се враќаат. Случајно ли е што речиси сите најнасилни американски градови ги водат демократи?

Зелените мерки на британската влада ќе создадат 170.000 работни места... во Кина

Се работи за планот на Лабуристите до 2030 Британија да ја постигне границата од нула издувни гасови, а за тоа ќе требаат многу ветерници и фотоволтаици кои главно ќе се произведат во Кина.

Демократи уште бараат чаре како Трамп да не стане претседател

На неполн месец од инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, демократите расправаат за тоа како би можеле да го блокираат враќањето на Трамп на власт, бидејќи „Уставот предвидува дека човек што ја прекршил заклетвата е неподобен да биде претседател“.

Путин може до кога сака

На почетокот на инвазијата, Запад се надеваше дека драконските санкции кон Русија не само што ќе го оладат Путин за војување туку и дека ќе доведат до пресврт во расположението на народот, побуна и пад на режимот. Неполни три години подоцна, дури и руските опозициони медиуми резигнирано признаваат дека нема ништо од тоа. „Кухариците“ и другите скрипти не минуваат лесно таму.

Индијките поседуваат 11% од целото злато на светот

Иако нема ниту една култура имуна на злато, излезе дека индиската, и посебно Индијките, се исклучително навлечени на скапоцениот метал, во износ од 11% од вкупното злато што е ископано на планетава.

Бајден е пишман што се откажал од претседателската трка

Американскиот претседател верува дека ако останел во трката ќе можел да го победи Доналд Трамп и жали што ја напуштил кампањата по катастрофалната дебата што ја имаше против него во јуни годинава.

Првиот човек на СЗО за малку избегна да биде затрупан во израелско бомбардирање

Тедрос Аданом Гебрејсус се наоѓал во чекална на меѓународниот аеродром во Санаа во Јемен во моментот кога Израел го бомбардирал аеродромот како дел од подготовките за војна на повеќе фронтови.

Американците се расфрлаат со парите што ги должат

Сенаторот Ренд Пол го објави својот традиционален годишен извештај за огромните пари од даночните обврзници кои властите ги трошат на бизарно непотребни работи, додека националниот долг им нема крај. Да не биде кажано само описно, да ви кажеме и бројки. Најновиот Фестивус извештај (популаризиран во серијата Сајнфилд) анализира како се потрошиле, читајте сами - 1.008.313.329.626.12 долари.  

Украинските роботи ја извојуваа својата прва победа

Бригада на Украинската национална гарда извела успешна операција изведена целосно од роботи, без никакво учество на човечка сила. Биле користени копнени роботи и аеро дронови за напад на руските позиции во Харковската област. Бил тоа имресивен технолошки потфат но истовремено и загрижувачки знак на слабост на исцрпените украински војници.

Тешко дека Сирија може да биде обединета

Дури и кога се добронамерни, западните сили неретко слабо ги разбираат поинаквите култури и општествени системи. Примери за нивното неснаоѓање има безброј, од Авганистан до Босна. За Сирија, чиј деспотски режим на таткото и и синот Асад се сруши побрзо од сите очекувања, веќе навиваат за унитарна и обединета Сирија. Не е лошо да се потсетат на некои историски лекции. 

Испраќањето војници во Украина било идеја на Северна Кореја

Севернокорејските војници кои се влезени на руската страна на војната, а дел од нив веќе се и убиени, биле испратени на барање на Пјонгјанг, тврдат американски разузнавачи.

И Катар ја нагази ЕУ

Ако ЕУ за момент помисли дека нашла нови партнери за снабдување со гас што нема да ја уценуваат, Катар е тука да ја отрезни од такви заблуди.

Руте бара Зеленски да го олабави Шолц

Украинскиот претседател би можел малку да ја смири својата критика за германскиот канцелар, порачува од неодамна првиот човек на НАТО, Марк Руте.

Трамп е запнат да го врати Панамскиот канал

Од ведро небо, како што обично бива со него, Доналд Трамп порача дека сака да го врати Панамскиот канал под американска контрола бидејќи Панамците како да заборавиле кој им го подарил.

Романските избори добиваат бизарен пресврт

Приказната за поништениот прв круг од претседателски избори во Романија е многу полоша отколку што се мислеше. „Руската“ ТикТок кампања која беше цитирана во декласифицираните романски разузнавачки документи како доказ за странско мешање - и користена како основа за поништувањето - всушност ги платила владејачката Национал-либерална партија (ПНЛ), онаа партија која го поддржа откажувањето на изборите!

Кога „страшилото“ ќе проговори, ништо страшно

Деновиве вистинска паника во Германија и целиот западен политички и медиумски естаблишмент предизвика предизборната поддршка на Илон Маск за партијата АфД, оценувајќи дека само таа може да ја спаси Германија. Паниката е разбирлива ако се знае дека со години, АфД се користи да се заплаши гласачкото тело со екстремноста и нео-нацизмот кој систематски им се припишува. А оно, не баш.

Држава на 2024 година е...

Секој декември The Economist избира држава на годината. Победникот не е најбогатата, најсреќната или најдоблесната земја, туку онаа што најмногу се подобрила во претходните 12 месеци. Овогодинешниот победник има 175 милиони жители. Ние ни со два милиони, со години не можеме да се оправиме.

Бившата на Безос до сега има спискано 19,2 милијарди на донации

Откако се разведе со Џеф Безос во 2019 и му зема половина од милијардите што ги поседуваше, Мекензи Скот до сега има донирано 19,2 милијарди долари, од кои 2 милијарди долари се само во 2024 година.

Од Нова година во Швајцарија нема носење бурка

На 1-ви јануари 2025 и официјално почнува да важи анти-бурка иницијативата која швајцарските гласачи ја одобрија уште во 2021 со 51,2% од гласовите и со која се забранува секакво покривање на лицето во јавност.

Народ тргнал да купува нуклеарни бункери

Како што светот опасно се приближува кон нуклеарна распаљотка од сите страни, така како никогаш до сега, глобално, расте и продажбата на нуклеарни бункери за цивили, без разлика што експертите тврдат дека истите нема да завршат нешто многу работа во случај на нуклеарен армагедон.

Како Кина ја закопа германската индустрија

Надобудните апостоли на таканаречената „енергетска револуција“ во Германија, успеаја да ја убедат земјата дека може брзо да ги напушти и фосилните горива и нуклеарната енергија, без да ја изгуби својата индустриска предност. Тоа беше класично коцкање. Или, уште посоодветен термин во случајов - тоа беше руски рулет. А куршумот е кинески.

CNN ослободи човек на Асад

Го памтите оној затвореник од драматичното видео на CNN кој излегува од тримесечна самица во Дамаск со средена брада и нокти? Ако не, видете во „Кому му се верува, нека верува“. Дури подоцна проверија за кого се работи. Озлогласен член на силите на Башар ал Асад, познат по тоа што ги мачел оние што одбивале да му платат. Фатени живи, CNN признаа дека утнале.

Тикток загадува колку една Грција

Просечниот корисник на социјалната мрежа годишно со своето скролање по клипови на Тикток создава штетни гасови колку што кола на бензин би произвела на дистанца од 200 километри.