Свет

CNN ослободи човек на Асад

Го памтите оној затвореник од драматичното видео на CNN кој излегува од тримесечна самица во Дамаск со средена брада и нокти? Ако не, видете во „Кому му се верува, нека верува“. Дури подоцна проверија за кого се работи. Озлогласен член на силите на Башар ал Асад, познат по тоа што ги мачел оние што одбивале да му платат. Фатени живи, CNN признаа дека утнале.

Тикток загадува колку една Грција

Просечниот корисник на социјалната мрежа годишно со своето скролање по клипови на Тикток создава штетни гасови колку што кола на бензин би произвела на дистанца од 200 километри.

Во Сирија го нема Асад ама го има Нетанјаху

Воениот вакум во Сирија после падот на режимот на Башар Ал Асад Израел го користи максимално: моментално ги изведува најжестоките напади во таа земја во последните 14 години, срамнувајќи сè што е воен објект. Сеизмолозите веќе не знаат кој потрес е од земојотрес а кој од нивните експлозии. Во меѓувреме, Тел Авив го населува Голан со Евреи бидејќи знае, планината е на оној кој ги има овците. 

Зошто војската на Асад толку брзо рикна?

Во 2020 година, сириската војска броеше 130.000 јако опремени војници. Кога кон крајот на ноември, неколку илјади исламистички бунтовници од Хајат Тахрир ал-Шам (ребрендирана филијала на Ал Каеда), ја започнаа својата офанзива кон крајот на ноември, никој не им предвидуваше триумф. Па сепак, за две недели сè беше готово. Накратко: така е кога платите се мали, корупцијата голема а војската ти ја командуваат странци.

Милеи постигна буџетски суфицит

Што ќе биде со оние државни проекти кои веќе се минати на тендер? - го праша своевремено новинар аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, сомневајќи се во неговото ветување дека ќе ја победи огромната буџетска дупка. - Ќе им кажеме дека нема пари. - Ама... - Ама ќе го отпуштам секој министер кој ќе потроши повеќе отколку што треба, се закани Милеи. И така, миц по миц....

Трамп по вторпат е „Личност на годината“

Магазинот Тајм повторно го прогласи новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за Личност на годината. Таа долговечна листа се прави од 1927 година и во меѓувреме беше толку девалвирана со некои избори што фановите на Трамп и немаат причина многу да слават. Посебно што во конкренција годинава му беше и Камала Харис. А неа може да ја победи и во ластик.

Закерберг почна да подмачкува кај Трамп

По филмското враќање на Трамп во Белата куќа, сосе избегнувањето и затвор и убиство, Закерберг реши дека треба со добро да го почне вториот мандат на американскиот претседател па одлучи да ја спонзорира неговата инаугурација.

Илон Маск ја заокружи 400-ката

Нето вредноста на Илон Маск за прв пат ја надмина границата од 400 милијарди долари, што е рекордна сума за него и за кој било друг милијардер на кој јавно му се знаат парите.

Израел не губи време

По заземањето на Голанската висорамнина, Израел ги искористи најматните денови од падот на Асад за на долг рок да заврши уште една стратешка цел - уништување на сириската морнарица.

Русија го притиснала Асад да се пакува и да бега

Како што сириските милитанти се побрзо напредувале кон Дамаск, Русија, која се чуди како толку доцна разбира за опасноста, го убедила сирискиот претседател Башар Ал Асад, да се откаже од каква било борба и да го фаќа авионот накај Москва.

Од Белата куќа ќе фрчат помилувања до крајот на мандатот на Бајден?

Администрацијата во заминување размислува за давање на серија превентивни помилувања на бројни сегашни и поранешни американски јавни функционери што би можеле да настрадаат во идни постапки кои потенцијално би ги започнал Доналд Трамп.

После терористи, судови

Жртва на терористичкиот напад во Манхајм, кој беше прободен со нож од исламист заради неговите критики на Исламот, шест месеци по обидот за убиство е осуден од германската држава за омраза заради своите ставови и критики на Исламот.

Украина станува „Игра на дронови“

Војната во Украина влегува во нова фаза: дронови напаѓаат дронови. Иако се користеа и претходно, во украинската војна тие доживеаја бум. Се користат за напади на командни пунктови, магацини, инфраструктура, оклопни возила и тенкови, а во последно време сè почесто и за напади на други беспилотни летала.

Дали Украинците се спремни да се откажат од територија за мир?

Доколку Украина ја заврши војната во 2025 тоа најверојатно ќе го направи по цена на жртвување на дел од територијата која изминативе години не можеше да ја ослободи од руската војска. Надежта на Украинците е дека за возврат би добиле „помала, но посреќна и побезбедна Украина.“

Укинување на романската демократија

Неделава силите требаше да ги одмерат двајца најдобро пласирани романски претседателски кандидати:  ТикТок 'ѕвездата' Калин Георгеску и поранешната тв новинарка Елена Ласцони. Но, само 48 часа пред отворање на гласачките кутии, Уставниот суд реши да го поништи целиот процес заради руска вмешаност. Истовремено се оддржаа и парламентарни избори, ама, види чудо, тие резултати на државата ѝ се чинат неспорни.

Запознајте го новиот сојузник

Американската амбасада во Сирија во 2017 година објавува награда за озлогласениот терорист Абу Мухамед Ал Џавлани, нудејќи 10 милиони долари за негово откривање или ликвидирање. Седум години подоцна, откако Обама рече „Асад мора да замине“, денешен Вашингтон прилично неутрално порачува дека „внимателно го следи развојот на настаните во Сирија.“

Не верувај на Кинез што ти уплаќа животно осигурување

Два месеца откако влегуваат во брак, Кинез уплаќа животно осигурување на својата нова сопруга, чиј краен корисник е самиот тој. И тоа не е едно, туку неколку. За жал ништо од ова не и е ни најмалку сомнително на жената.

Имаме 428 федерални агенции, ни требаат 99

Уште месец и половина останува до стартот на вториот мандат на Доналд Трамп. Веќе се познати имињата на клучните лица во власта и агенциите а најмногу се очекува од новиот оддел DOGE (Оддел за владина ефикасност), кој ќе делува како советодавно тело надвор од самата влада. Ќе го водат Илон Маск (Тесла, Спејс Икс, Икс) и републиканскиот политичар Вивек Рамасвами.

Украина може да очекува лавина од воена помош од Бајден пред одење

Белата куќа составила стратегија за засилување на Украина која треба да биде испорачана пред доаѓањето на Трамп на власт. Таа вклучува 20 милијарди долари во заеми и дополнителни сеопфатни санкции против Русија.

Нигер си ги врати рудниците на ураниум од Французите

Воената хунта во Нигер која на власт дојде минатата недела, вети дека ќе ги ревидира и поништи сите договори кои претходните власти галантно ги имаат склучено со странски фирми за експлоатација на екстремно богатите рудни наоѓалишта во земјата. Први тоа го почувствуваа Французите кои менаџираа рудници со преку 200.000 тони ураниум.

Украина го имаше најлошиот месец во последниве две години

Само во ноември Украина изгуби повеќе територија отколку територијата на цел Њујорк (градот), што претставува најголема загуба на територија од септември 2022, кога ја организираше својата најуспешна контра-офанзива.

Украина почна да разговара со тимот на Трамп за завршување на војната со Русија

Дел од највисоките украински функционери преговараат со колегите од идната американска администрација во надеж дека ќе ги намалат разликите што ги имаат со Трамп за тоа колку Украина треба да попушти во идните преговори.

Холандија разгледува задолжително служење војска

За прв пат по 27 години холандското министерство за одбрана размислува за воведување задолжителен воен рок во земјата. Веќе имаат план што треба да се направи и сфатиле дека многу треба да се направи, ама веројатно друго решение нема да има.

После железната, доаѓа време за бетонска завеса

Полјаците буквално го сфатија надмениот опис на Жозеп Борел за ЕУ како „градина“ чии луѓе и институции имаат обврска да ја штитат од „варварите“ од надвор. На источната граница поставуваат тн змејски заби, бетонски фортификациски објекти кои се користат уште од Втората светска војна и со нив прават одбрамбен бедем. Колку долг? 800 километри!