Свет

Дали ужасот од нехигиена ја спаси Индија од ковид-19?

Индија со целиот свој капацитет да ги има најкатастрофалните бројки во глобалната пандемија на крај заврши под светскиот просек по бројот на починати на милион жители. Излезе дека цело ова време тоа нехигиената ги тренирала за ковид-19.

Русија почнува со масовна вакцинација за месец дена

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека градот ќе почне да спроведува масовна вакцинација на населението во периодот декември-јануари.

Руски војници упаднаа во руски аеродром

И целата работа е завршена многу руски: на пијано и со тенк.

Трамп веќе има списокот за пост-изборна чистка

Директорот на ФБИ, директорката на ЦИА и првиот човек на американската одбрана, се на списокот на Трамп за отпуштање по изборите доколку тој остане претседател на САД.

Франција ги повика Арапите да не се напињаат околу Мухамед и да продолжат да трошат пари

Во уште една битка околу тоа чие право е поважно, дали правото да се објави нешто или правото да се навредиш од нешто, Франција побара Арапите да не го активираат правото на не купување француски производи.

На Трамп ќе може да му го гасат микрофонот на следната дебата

22-ри октомври е третата (технички втора) и последна дебата меѓу Трамп и Бајден пред американските претседателски избори во ноември, а со тоа е и последна шанса за двајцата да се покажат барем пред своите кога и онака никој не се обидува да ги придобие тие од карши.

Азбест го смени името

Канадско гратче именувано по денес озлогласениот материјал реши да го смени името. Имале гласање и за разлика од овде, се инсистирало на  мнозинство.

Шпиони оставени на чистина

Британските шпиони се пожалија дека тешко се обавува нивната работа во услови на ковид пандемија бидејќи не е лесно незабалежано да следиш човек на полупразни улици.

Макрон повторно го враќа Париз под вонредна состојба

Жителите на Париз и уште осум други градови ќе мора да седат дома секој ден во следните 4 недели од 21:00 до 6:00 наутро, откако само денес во Франција беа потврдени 22.951 нов случај на ковид-19.

Колку чини по глас за да станеш претседател на САД?

Трамп и Бајден до сега имаат потрошено по 350 милиони долари на своите претседателски кампањи, само што процената е дека целата работа не се сведува на трка кој повеќе пари ќе фрли на избори.

Синови ги заменуваат своите татковци во Авганистан

„Се борев во Авганистан за мојот син да не мора да ја бие истата битка“, велат американски воени ветерани. Откако стана реалност нивните синови да ги заменуваат во истите касарни во кои тие своевремено служеле, им останува да се надеваат за внуците.

Илузија на нормалност

Во сето тоа бирократско вагање на безбедноста на граѓаните и неопходноста стопанството на земјата да продолжи да работи, британската влада дојде до решение од типот подземната железница да продолжи да работи и во зима, ама со отворени прозорци.

Дали Кина е државното уредување од иднината?

Постојат проценки дека веќе во 2030 година Кина ќе ја комплетира својата глобална доминација. Хронично слабата ЕУ и акутно хаотичните САД само го расчистуваат тој пат. Леле бе кој ќе ги гледа домашниве бројлери како се колнат дека друг пат освен кинескиот немаме?

Руски училишни тестови: Киднапирање

Училиште во Сибир од чиста мира (барем за учениците и јавноста) решава да почне општа симулација на упад во училиштето на вооружена група и земање заложници од учениците.

Америка почна да размислува за пучеви

Поединечен е случајот но во каква калакурница е светов, нема да чуди ако некој ден навистина пренесеме вест дека „ноќва е срушена демократски избраната власт на САД и воспоставена е привремена револуционерна управа која ветува дека по брза постапка ќе се справи со ненародниот режим“.

Доналд Трамп буквално го спаси христијанството

Иако звучи како нешто што би го кажал Доналд Трамп, овој пат не е така. Ова се зборовите на син му на Доналд, Ерик, тој што го водат како помалку бистар од двата возрасни синови на американскиот претседател.

Кој слушал, знае

Озлогласената „Бејби шарк“ (ду, дуу, ду, ду, дуу) го доби своето заслужено место во историјата и од пред некој ден е прогласена за - алатка за тортура.

Трамп одби да учествува на виртуелна дебата со Бајден

„Нема да си го трошам времето“ е инстантната порака на Трамп на предлогот на организаторот, дебатата на 15 октомври да се одржи виртуелно заради страв од ковид-19.

Женски муабети со Меланија

Некогашната прва другарка на Меланија, а сега авторка на бестселер на тема Меланија, објави снимка во која првата дама на САД зборува за аферата на Трамп со Сторми Даниелс а.к.а. „порно курвата“.

За прв пат во 1.200 години Венеција спречи поплава

Во јули годинава беше првиот официјален тест на бариерата околу Венеција, меѓутоа тогаш беше на мирна вода и слаба плима. На 3 октомври имаше прогноза за плима од 135 сантиметри која низ целата досегашна историја вообичаено го поплавува градот. Овој пат, бариерата издржа.

Како да известуваш за стар болен човек?

Од една страна тешко е во себе да не чувствуваш одвратност додека гледаш како млади ТВ новинари се надвикуваат известувајќи за виталните знаци на стар болен човек. Од друга, мора да знаеме кој моментално раководи со државата, и последиците од релативизирањето на ковид-19 кризата од страна на Доналд Трамп, пишува Бен Смит во Њујорк тајмс.

Над 300 милиони Кинези тргнаа на пат

Стотици милиони Кинези деновиве ќе ги преполнат автопатиштата, возовите и авионите, и од големите метрополи и индустриски центри ќе се вратат назад во своите родни места да го прослават еден од најголемите празници во земјата. Стравот е дека со нив, ќе се рашета и ковид-19.

НФЛ со дронови и роботи ќе дезинфицира стадиони

Меѓу опциите кои веќе се во оптек се дронови кои ќе ги дезинфицираат трибините и другите делови од стадионите, и роботи што со УВ-зраци ќе минуваат делови од стадионите.

Што ако Трамп до изборите стане неспособен или полошо?

Доналд Трамп се зарази од коронавирус еден месец пред изборите. Згора на тоа, со своите 74 години е во ризичните групи за ковид-19 и веќе се претресуваат прцедурите што ќе се случи ако до ноември се случат несаканите здравствени исходи. Случајот е без преседан во американската историја, но процедури постојат.