Меркел на новинарите им објаснила дека карантинот за Велигден бил воведен „со најдобри намери“ меѓутоа по подетална анализа, увиделе дека затворањето ризикува да предизвика повеќе штета отколку добро.
„Иако беше добро размислен тој не беше вистински спроведлив за така кратко време.
Премногу прашања, од пропуштени плати до изгубено време во фабриките, не можеа да бидат одговорени на време.
Ние мора да пробаме да го сопреме третиот бран. Но сепак ова беше погрешно.
На крајот од денот јас ја сносам одговорноста.
Сега за мене е важно да го кажам ова. Грешка треба да биде наречена грешка и пред сè, треба да биде коригирана, по можност на време,“ порачала Меркел.
Таа изјавила и дека нема да има алтернатива на укинатиот велигденски план.
До пред ова планот беше Германија да затвори од 1 до 5 април, и ова ја опфаќаше целата држава, вклучително и продавниците. Тогаш Меркел мерките ги опиша како обид за „спречување на експоненционалниот раст на третиот бран“.
Една од првите критики дојде од водечките епидемиолози, според кои 5-дневното стегање на мерките ќе нема речиси никакво влијание врз спречување на третиот бран.