Високиот функционер за време на состанок со колегите од О.Н. во Женева два пати се заканил дека „ќе се погрижат“ за Агнес Каламард доколку Обединетите нации не ја стават во ред.
Заканите ги открива самата Каламард пред своето заминување од саудиската истрага, која објаснува дека ова и било пренесено од нејзините колеги од Обединетите нации кои коментарот го протолкувале како „смртна закана“.
Наводните закани се случиле на состанок на високо ниво меѓу саудиските дипломати базирани во Женева, саудиски дипломати дојдени во посета и функционери на Обединетите нации исто така во Женева. Саудијците ја критикувале работата на Каламард, и биле гневни околу нејзината истрага и заклучоци. Плус ја обвиниле дека била поткупена од Катар.
Еден од Саудијците што биле во посета им пренел на луѓето од О.Н. дека добил телефонски повик од поединци кои биле подготвени „да се погрижат за нејзе“. Кога функционерите на О.Н. се побуниле околу заканата, Саудијците одговориле дека коментарите не треба да се сфаќаат сериозно. По ова тие си заминуваат од состанокот, меѓутоа во просторијата останува високиот саудиски функционер кој ја повторува заканата.
Во извештајот што Каламард го објавува околу истрагата, заклучува дека има „основани докази“ дека саудискиот престолонаследник, и други саудиски високи функционери биле одговорни за убиството, кое го нарекува „меѓународно кривично дело“. Две години подоцна и американската администрација го објави извештајот од својата истрага во кој стига до сличен заклучок.