Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.
После сите политички натегања, на плоштадот во Загреб сепак се организираше пречек за ракометарите кои го освоија третото место на Европското ракометно првенство. Славјето беше лудо со илјадници навивачи, а за забавата беа задолжени Запрешиќ Бојс, Хрватске руже и контроверзниот Марко Перковиќ Томпсон, за кого се дебатираше дали воопшто треба да настапи.
Ракометарите на Хрватска одиграа повеќе од задоволително Европско првенство кое го крунисаа со трето место и бронзен медал. Навивачите го наполнија аеродромот во Загреб за да ги пречекаат своите јунаци. Славењето може да почне.
Каква незаборавна екипа беше тој култен Лестер Сити во 2016-та. Со Ријад Марез, со Каспер Шмајхел, со Н'Голо Канте и секако лидерот Џејми Варди кои со своите голови му ја донесе на Клаудио Раниери и навивачите сензационалната титула во Премиер лига. Таа сезона Варди го постигна можеби и најубавиот гол во неговата кариера. Против Ливерпул.
Си немале дечкиве попаметна работа и фатиле во хангар со коли, да го „прераскажат“ лудиот меч меѓу Бенфика и Реал Мадрид, кој заврши со гол на голманот на домаќините и тоа во 98-ма минута. И тоа добро се спремиле, со сите нишани.
Неверојатната јапонска култура, уникатна во светот, ја гледаме често преку видеа од разни ситуации. Сега стаса нешто од епизода во јапонска одбојка. Играч ненамерно погодил со топка некого во публика и доаѓа да се извини.
Во 27' минута од дуелот меѓу ПАОК и Пансераикос кој заврши 4-1, целиот стадион „Тумба“ во Солун со неверојатна бакљада се збогуваше за последен пат со 7-те трагично настрадани навивачи. Седум поддржувачи на ПАОК загинаа на лице место минатата недела во стравична и незапаметена сообраќјна несреќа со комбе, во Романија на пат кон Франција на натпревар со Лион од Лига Европа.
29-годишниот Португалец Гонзало Гуедеш кој играше во Бенфика, ПСЖ, Валенсија, Волвс и Виљареал, од минатото лето е во Реал Сосиедад. Сезонава на 22 средби веќе има 6 гола и 2 асистенции и се покажа како одлично засилување. Синоќа во баскиското дерби против Атлетик Билбао на гости постигна прекрасно голчиште во 37' минута за 0-1. Подоцна домаќините израмнија во 88-ма минута за конечни 1-1.
Хрватска е сериозна ракометна сила која го запечати 16-от медал на големите натпреварувања. И покрај сите перипетии кои ги имаа поврзани со лошата организација на Европското, собраа сили и го добија мечот за третото место против незгодниот Исланд. Домагој Дувњак, кој две децении го потеше националниот дрес, овој пат ги бодреше од трибини и тоа доста јако, со многу жар и страст.
Тотенхем успеа да анулира негатива од 0:2 на дуелот со Манчестер Сити на домашен терен, благодарение на двата гола на Доминик Соланке. Англискиот напаѓач поднесе кандидатура за гол број 1 на сезоната. Ова е сериозна велемајсторија.
Андреас Волф е дефинитивно еден од најдобрите ракометни голмани во светот, ако не и најдобар. Европското го заврши со 91 одбрана на 9 меча со 32% успешност. Одигра страшни партии, како онаа против Португалија кога експлодираше со 22 интервенции, а синоќа повторно беше фантастичен со 16 одбрани. Во еден момент се фрли со клизачи.
Ракометната селекција на Данска ја оствари мисијата и стигна до европската титула, прва после 14 години и вкупно трета во историјата. Со овој триумф успеаа да ги обединат сите три титули во три години.
Изгледаше дека може, одигра перфектен прв сет, но потоа следуваше пад по кој само привремено се врати и ја одржа неизвесноста. Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен.
Во лавовска битка, Новак Ѓоковиќ го доби 14 години помладиот Синер, кој потклекна на искуството и инаетот на великанот со 24 Гренд слем титули. „Нешто сте рекли“, гласеше неговиот натпис на камерата, наменет за оние во Србија кои не се баш од негова.
Повредата на Никола Јокиќ е минато. Направи кам бек и одигра партија како да не отсуствувал еден месец. Денвер Нагетс ги доби Лос Анџелес Клиперс со 122-109, а Србинот го заврши мечот со 31 поен, 12 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки.
Во 5 сета, после 4 часа и 30 минути страшно исцрпувачки тенис, Новак Ѓоковиќ го совлада првиот светски рекет број 1 Јаник Синер: 6-3, 3-6, 6-4, 4-6, 4-6 и закажа големо финале за в недела против 18-години помладиот Карлос Алкараз.
На штотуку завршеното Европско првенство во ватерполо 2026 во Белград на кое репрезентацијата на Србија освои злато, многумина се прашуваа како е можно од кошаркарски паркет преку ноќ да се монтира гигантски базен?
Веднаш по извлекувањето на паровите за бараж за осминафинале во Лига на шампиони каде имаше комична ситуација и Реал Мадрид повторно падна со Бенфика каде ќе гостува по неверојатниот гол на голманот Трубин, се извлекоа и парови за бараж за 1/8 финале во Лига Европа.
Попладнево во Нион во седиштето на УЕФА беа извлечени паровите кои ќе играат натпревари со реванш и подобриот ќе оди во осминафинале. Париз ќе игра против ривалот од првенството Монако, а Реал Мадрид пак ќе оди на нозе кај Жозе Мурињо кој ги победи 4:2 пред само неколку дена.
Струга одигра 1:1 против Пахтакор од Узбекистан на пријателски натпревар во Анталија. За македонскиот прволигаш брани италијански голман по име Марко Анџелети, кој сам си ја пикна во гол во 87-ма минута. Циркузи.
Новак Ѓоковиќ на полни 38 години, за четири месеци полни 39, уште не им се дава на младите и ги ренда барем до финале. Денеска го чека мега битка со Синер, вредна финале на Австралија опен каде веќе се пласираше Алкараз. Како тера со овие жуљеви?
Во неверојатен дуел, во најдолго полуфинале во историјата играно цели 5 часа и 27 минути на Грен Слемот во Мелбурн, Карлос Алкараз водеше 2-0 во сетови против Александар Зверев. Германецот по којзнае кој пат одигра неверојатен меч но се испостави дека менталната сила во драматични завршници не му е најсилна страна. Зверев израмни на 2:2 а во решавачкиот петти сет имаше водство 5:3 и меч-топка за победа. Но ја испушти и до крај Алкараз освои 4 гема и славеше 7:5 за пласман во големото финале!