Дориев: Годинава е за заборав, сами сме си виновни

Македонските фудбалери се самокритични после дебаклот дома со Словенија. И треба да бидат, со оглед на очајното издание во целиот циклус.

Левото крило на Македонија, кој од 2023-та е член на Согдиана Џизак од Узбекистан, вината за лошите настапи на националниот тим во цела оваа година, директно ја посочува кон фудбалерите.

„Едноставно оваа година е за заборав. Не е виновен ниту претседателот на ФФМ, ниту селекторот, туку ние сме виновни. Тука сме најдобрите фудбалери повикани во селекцијата, ние сме виновни за резултатите. 

Мислам дека недостига поголема одговорност. Ќе тргнам од себе, ни недостига одговорност и дисциплина во играта. Мислам дека оваа репрезентација не смее да игра вака. Нас ни е најтешко, треба да ја заборавиме оваа година. 

Мислам дека ќе се поправиме, ни треба една-две победи за да се издигнеме. Кога ќе се изгуби на ваков начин, јасно е дека не сме ги исполниле барањата на селекторот. Ние потфрливме на многу сегменти на теренот“, кажа Дориев.

Муслиу: Нема ништо позитивно во овој циклус

Седлоски околу можната оставка: Да преспиеме, па ќе видиме...

17 ноември 2026 - 12:15