Offside

Васил Рингов беше посебна фудбалска, но и човечка фигура за која секој негов поранешен соиграч се изразува со посебни зборови. Меѓу Партизан и Вардар, во 75-та заиграл за Тетекс. Но, само да чуете каков договор му направиле откако го земале со кола со 6 врати по име Есма. Ќе живеат вечно овие приказни со легендарниот Васе.

Каде започнува сонот? Во двор со тато

Без тренери. Без камери. Без публика. Без големи сали. Само татко и син. Во двор. Со љубов.

На Тур де Франс украдени 11 велосипеди

Стартот на овогодинешниот Тур де Франс (од 6-ти јули во неделата во Лил па се до 27-ми јули на Елисејски полиња во Париз) бил одбележан со голема кражба на велосипеди на еден од тимовите учесници.

Каква штета, Гриша Димитров го имаше Синер со 2:0 во рака

Бугарскиот тенисер Григор Димитров кој одигра фантастичен Вимблдон и играше одличен тенис, во четвртфиналето синоќа против Синер поведе со 2:0 во сетови и практично го имаше во рака најголемиот фаворит за титулата. Но при резултат 2:2 во третиот сет Димитров почуствува болка во рамето и веднаш побара помош од медицинскиот тим. Докторите направија се но Бугаринот не можеше да продолжи поради преголеми болки. Така Синер се пласираше во четвртфинале на Вимблдон без освоен сет.

Поенот на денот на Вимблдон е на 18 годишната Мира

Со триумфот над Ема Наваро, Мира Андреева стана најмладата тенисерка која стигнала до четврт-финале на Вимблдон, уште од времето на Марија Шарапова во 2005 година. Славеше 2:0 (6:2, 6:3), а во еден момент ја крена на нозе цела публика.

Ѓоковиќ: Ова ми е прва победа откако ме гледа Федерер од трибини

101-ва победа на Ѓоковиќ на Вимблдон и нов пласман во четвртфинале, откако со пресврт го доби Алекс Де Минор со 3-1 (6:1, 4:6, 4:6, 4:6). Во публика беше Роџер Федерер, со кој Новак не пропушти шанса да се пошегува, но и да го испочитува.

Алегри се мајтапи на првиот прес како тренер на Милан

По пауза од 11 години, Масимилијано Алегри се врати во Милан и ја одржва првата прес конференција во друштво на новиот спортски директор, Игли Таре. Првата цел вели дека е кам бек во ЛШ, а кога го прашаа за формацијата, разговорот течеше вака: Ќе се оди со 4-3-3? Каде?, одговори Макс.

Спонзори, договори, пари: Синер vs Алкараз, кој вреди повеќе?

Едниот е број 1 на АТП, другиот број 2. Очигледно, тоа е дуелот што ја карактеризира сегашната ера на тенисот и кој ќе биде актуелен во следната деценија, со исклучок на изненадувањата.

Уште од мало го учат к'не да биде

Пред натпреварот Челси - Палмеирас (2:1) од четвртфинале на Светско клупско првенство, еден најмлад навивач на сините решил да ги брани клупските бои.

Ѓоковиќ на Вимблдон: 4 асови за 46 секунди

Годината е 2021-ва, а гревот е Британецот Џек Дрејпер. Да го надополните насловот. 4 асови по ред.

Роби Вилијамс пееше на концерт за Жота

Никого не остави рамнодушен фудбалерот на Ливерпул Диого Жота, кој замина прерано со брат му, во кобна сообраќајна несреќа. Еден од најголемите хитови на Роби, во негова чест.

Јак документарец „Вечна војна“ за Рома и Лацио

Александар Пупавац од српскиот канал Прва Инста ТВ спонзориран од МеркурХТип снимил супер интересен документарец за најголемото градско европско дерби (од навивачки аспект) Лацио - Рома. Зборуваат претставници и од двете групи. Има и документарци за други европски дерби битки.

Хименез му донесе титула на Мексико и ја посвети на Жота

Најдобриот мексикански центарфор последниве години, Раул Хименез од Вулверхемптон, синоќа беше главен играч во финалето на Голден Куп меѓу САД и Мексико. Тој излезе на терен со дрес со број 20 и презимето Жота на грбот во знак на сеќавање на неговиот трагично загинат другар и соиграч од времето во Вулвс. Хименез потоа постигна гол за израмнување и го посвети на Жота со имитација на џојстик како потсетување на дружбите со Португалецот.

Српската кошаркарска школа во една фотографија

Еден во коментари пишува дека фали Александар Николиќ, за кој вели дека им е татко на сите четворица, а друг прашува кај е Вучиќ?

Тениска магија на Карлос Алкараз за овации на Вимблдон

Карлос Алкараз долго време се бараше себеси на теренот против тврдиот Андреј Рубљов но на крај успеа да слави со 1-3 во сетови и покрај тоа што го изгуби првиот сет. Во еден момент имаше одличен поен кој ја крена вимблдонската публика на нозе. Сега Алкараз во четвртфинале игра против незгодниот Британец Нори.

Јокиќ со пиво ја прослави победата на неговиот коњ

За разлика од голем број негови колеги од НБА и Евролига кои летото и слободното време го поминуваат на атрактивни и егзотични, далечни дестинации, Никола Јокиќ како и секое лето така и сега, ужива во својот роден град Сомбор со неговата ергела тркачки коњи.

Мексико ги совлада САД во финале на Златниот Куп, 16-годишник стана најмлад рекордер

Мексико го совлада својот голем ривал САД со 1-2 после пресврт и го освои својот јубилеен 10-ти пехар на Голден Куп кој е своевидено Европско првенство за Централна и Северна Америка. Репрезентацијата на САД прва поведе со голот на Крис Ричардс во 4' минута, но на стадионот „НРГ“ во Хјустон Мексиканците направија голем пресврт и победија со головите на Раул Хименез во 27-ма минута (играше со број 20 и презиме Жота на дресот и го посвети голот на неговиот другар) и Едсон Алварез во 77-ма минута.

Слалом на Меси како од времето во Барселона

Интер Мајами го совлада Монтреал со 4:1 во натпревар од МЛС. Два гола на Меси, кој после вакви соло мајстории, не личи дека има 38 години. Ја шина цела одбрана.

Акробација на Мбапе со посвета за Жота и нов убав гол на Гарсија

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа натпревар со 5 гола од кои 3 паднаа во судиско и донесоа драма. Следува пеколно полуфинале. Кралевите на мегдан со европскиот првак.

Ноле шоу на Вимблдон, се фрли и зема луд поен

Ѓоковиќ е во елемент. Го мина и 3. коло и стигна до јубилејна победа број 100 на Вимблдон. Славеше повторно без загубен сет, овој против својот сонародник Миомир Кецмановиќ со 6-3, 6-0 и 6-4. Во осминафиналето ќе игра против Де Минор. Одиме со поенот на мечот. Гледајте и аплаудирајте. Нема друго.

Потег за огромна почит: Ливерпул ќе го исплати целиот договор на Жота на семејството

Фудбалскиот клуб Ливерпул првично по страшната вест изрази длабоко сочувство до семејството и најблиските пријатели на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, потоа апелираше да се зачува приватноста на семејството, а сега ќе направи и голем човечки гест.

Рубен Невеш и Кансело заплакаа на минута молк

Португалските репрезентативци и големи пријатели на Диого Жота, фудбалерите на Ал Хилал Рубен Невеш и Жоао Кансело заплакаа за време на минута молк пред мечот од Светско клупско првенство против бразилски Флуминенсе.

Пријателите и непријателите на Балотели меѓу фудбалерите

Имам убаво пријателство со Боатенг, Нејмар и Матераци. Ама Матераци те тепал? Не е точно. Како не, кога тој вели дека е вистина. Непријатели имам многу, ама од играчите не би одел со имиња. Од тренерите Брендон Роџерс. Од кого сум го добил најгрдиот фаул? Тоти.

Извадете му ги голманските ракавици на детево

Сите сме пробале да дрибламе од гол на гол, од личен ќеиф. Ама степенот на успех бил различен и сосема поинаков од голманчево кое е дел од академијата на Спарта Прага. Струја е малиов.