Младиот Французин Виктор Вембенјама постигна 27 поени со 17 скока, 5 асистенции и 3 блокади за 33 минути.
Вембанјама стана третиот најмлад играч во историјата на НБА лигата кој во доигрување за титула постигнал најмалку 25 поени со 15 скока и 5 асистенции со само 22 години и 128 дена, зад Меџик Џонсон и Лука Дончиќ.
Тој постигна и свој личен рекорд во НБА доигрувањето со дури 17 скока. На претходниот натпревар тој беше исклучен поради тоа што со лакт удри противнички играч во лице и излезе од игра уште во 12-та минута.
Синоќа во Тексас, освен Вембанхама одлични беа и Келдон Џонсон кој како играч од клупата придонесе со дури 21 поен, Стефон Касл додаде 17 поени, 6 асистенции и 4 скока а Диерон Фокс 18 поени и 5 асистенции.
Минесота Тимбервулс одново беше тврд орев до третата четвртина кога успеа да израмни 61-61. Ентони Едвардс беше лидер со 20 поени а Џејден Мекданиелс и Џулиус Рандл додадоа по 17 поени, Ајо Досунму имаше 16 поени со 9 скока и 4 асистенции.
Серијата сега оди во Минеаполис каде Минесота ќе се обиде да се извади, да ја спаси сезоната и да се избори за „мајсторка“, седми натпревар кој би се играл во Тексас.