Супер натпревар на легендите на Ајакс и Барселона: Ван дер Сар и на 56 години уште го има рефлексот

Права фудбалска носталгија имало во неделата вечер во Амстердам. На „Јохан Кројф Арена“ играле легендите на Ајакс против легендите на Барселона. Секој играч на теренот предизвикува некое сеќавање од некои убави фудбалски времиња. А некои и натаму имаат многу осет со топка, како на пример Едвин Ван дер сар.

За Ајакс играле: Ван дер Сар, Арон Винтер, Франк Де Бур, Вертонген, Роб Вичге, Ласе Шоне, Весли Снајдер, Јари Литманен, Роналд де Бур, Патрик Клајверт и Ричард Вичге. За Барса меѓу другите настапиле: Руд Хесп, Ангој, Алеиш Видал, Марк Валиенте, Абидал, Серхи Трашорас, Рожер, Бојан Кркиќ, Лудовик Жили, Савиола и Нолито.

Браќата Франк и Роналд Де Бур, Јари Литманен, Ричард Вичге и Патрик Клајверт го играле првиот дел во дресот на Ајакс, а во втор дел го облекле дресот на Барселона. Рожер Гарсија и Бојан Кркиќ на полувреме го облекле дресот на Ајакс.

53.000 карти колку што е целиот капацитет на „Јохан Кројф Арена“ биле распродадени уште недела дена пред ревијалниот натпревар на легендите на Ајакс и Барселона. Сите собрани средства одат на сметка на фоднацијата на Барселона и Јохан Кројф фондацијата.

 

17 ноември 2026 - 12:31