На 28-ми ноември Јужна Америка ќе одбележи десет години од една од најголемите трагедии во историјата на спортот - катастрофата со фудбалскиот клуб Шапекоензе. Авионот кој го превезуваше бразилскиот клуб кон финалето на Копа Судамерикана во Колумбија, се разби и однесе 71 живот. Од 77 патници на летот, шестмина преживеаа од кои тројца фудбалери. Тие живеат со сознанието дека 19 нивни соиграчи загинаа.
Само еден од тие тројца фудбалери успеа да се избори со прогнозите, да се опорави и дури и да се врати на фудбалски терен. Името му е Алан Рушел а тој сега става крај на својата кариера на 37-годишна возраст.
ЕДНО РЕШЕНИЕ КОЕ СМЕНИЛО СÈ
Пред сезоната 2016-та Алан Рушел е непознат резервен лев бек. Имал малку одиграни натпревари и требал да остане на клупата за резерви во историското прво големо финале за Шапекоензе.
Но небесата имала други планови за него. За време на летот до Колумбија, Алан Рушел решава да си го смени местото за да седне до свој добар приајтел, до другар му резервниот голман Џексон Фолман. Тоа на крај му го спасило животот.
Се испосатвило дека тие места биле меѓу најбезбедните при падот на авионот. Двајцата преживуваат заедно со стоперот Нето. Скршениците на голманот Фолман биле најтешки и тој губи една нога со операција.

Нето мечтае да игра повторно, после серија операции се наоѓа во новиот тим на Шапекоензе но сонот не му се остварил.
Тој не запиша ниту една минута и пред 2019-та година со солзи во очите става крај на фудбалот. „Болките беа преголеми така што немав никакво задоволство (од играње)“, рекол Нето.
А за Рушел лекарите биле категорични - шансите да заигра пак фудбал се никакви. Дури и способноста да оди му била ставена под сериозен сомнеж. Тој имал тешка повреда на грбниот столб која налага сложена операција со поставување винтови.
Имал повреди и на главата и на рацете. Надежта дека ќе стане била кревка, но тој бил цврсто решен да ги победи мрачните прогнози. И го прави тоа на неверојатен начин и станува херој за цел Бразил.
НЕВОЗМОЖНОТО СТАНАЛО ВОЗМОЖНО
Неколку седмици по трагедијата, Алан Рушел веќе оди нормално и почнува благи подготовки за трчање. Секој ден работел неуморно, вежбал фитнес, а лекарите не можеле да поверуваат на темпото со кое се опоравил. Вежбите му даваат резултат и тој во август 2017-та околу осум месеци по катастрофата, излегува на терен на специјалниот натпревар меѓу Барселона и Шапекоензе на „Камп Ноу“ во чест на бразилскиот клуб кој се соочи со историска катастрофа.
Рушел како прав професионален фудбалер игра активно на натпреварот и добива стоечки овации од публиката. Самиот Лионел Меси го поздравува, го гушка, му честита и го разменува дресот со него. Единствено необично на тој натпревар е што Барселона победи 5:0 како да не е ревијален натпревар туку дуел за бодови.

После тоа новата екипа на Шапекоензе е поканета во Рим на хуманитарен натпревар од кој приходите од карти биле дарувани на семејствата на загинатите фудбалери и стручен штаб. Папата ги примил играчите на посебна аудиенција во Ватикон а посебно внимание добил Алан Рушел. Таа средба го инспирирала за посилна вера.
Најволшебен момент се случил кога на „Олимпико“ е досуден пенал за Шапекоензе. Тогашниот голман на Рома Богдан Лобонт го брани пеналот но топката се одбива и завршува во гол. Рушел го намалува резултатот на 4:1, го посветува голот на загинатите соиграчи и тренери и избувнува во солзи.

КАПИТЕН, ШАМПИОН И ЛИДЕР
По херојското враќање на терен, Рушел требал да се бори и со критиките. Зад грбот му говореле дека клубот го става во составот само од жал. Вистината е дека тој во првите две години и не играл многу, но таква му била улогата и пред катастрофата. Во 2019-та година тој оди на позајмица во клубот Гоијас а во 2020-та се враќа во Шапекоензе кој испадна тогаш во втора лига.
Тогаш Алан Рушел ја добива капитенската лента, се претвора во главна фигура на тимот и ја води екипата до првото место и незаборавно враќање во елитата. Рушел го крева шампионскиот пехар за првакот во втора бразилска лига и се чуствува како прав шампион. Навивачите го носеле на раце на прославата на пласманот во прва лига. Тоа е негова лична победа над судбината.

По триумфот Алан Рушел го напушта Шапекоензе и оди во Америка Минеиро а игра и за Лондрина. На почеток на 2023-та година потпиша договор со Хувентуде. Тој потпис бил неверојатно симболичен затоа што затворил цел еден круг - имено токму во скромниот клуб од градот Кашијас до Сул ја започнал фудбалската кариера како мал.
Симболично боите на Хувентуде се исто зелено-бели како и тие на Шапекоензе.
Со Хувентуде забележува уште еден голем епски успех - успев да се пласира во елитната прва лига на Бразил и тоа одново со капитенска лента околу раката. Тој размислувал да се пензионира и да се повлече од фудбалот уште пред една година но екипата испаѓа во втора лига и тој не сака да ја заврши кариерата така.

Останува уште една сезона во Хувентуде каде го снаоѓа неочекувана скршеница на коленото на почетокот на 2026-та. Ја пропуштил целата сезона. Во последното коло на Хувентуде му требал домашна победа за да си осигура пак промоција назад во најдобрата бразилска лига. Тренерот Маурисио Барбиери му ветува на Алан Рушел дека тоа ќе биде неговиот последен натпревар во кариерата.
На емотивна прес-конференција десниот бек рекол: „На 17 години го напуштив домот со куфер полн со мечти. Сега, 20 години подоцна ја затворам таа глава од животот и срцето сака само да се заблагодари за таа привилегија. Имам победи, порази, солзи и втора шанса која ме научи на правата вистинска вредност на животот. Добив многу повеќе отколку што некогаш сум посакал“.
На денот на натпреварот навивачите го носат на раце до стадионот. Во 75' минута, при резултат 2:0 за Хувентуде, Алан Рушел влегува во игра под бурни емоции и овации од цел стадион. По последната судиска свирка, сите играчи се упатуваат кон него да го гушнат. Тој завршува како победник, десет години откако и погледнал на смртта во очите....
ALAN RUSCHEL CHEGANDO DAQUELE JEITO PARA O ÚLTIMO JOGO DE UMA CARREIRA VITORIOSA 🇳🇬 🎦 Rayssa Brito/ECJ https://t.co/mQQrBUZ3xa
— E.C. Juventude (@ECJuventude) November 14, 2026