Валенсија го разби Панатинаикос на Ергин Атаман 81:64 пред своите навивачи во новата и модерна сала и од негатива 0-2 после првите да натпревари, на крај направи комплетен пресврт!
Екипата која ја води сензационално најдобриот тренер на сезоната, Педро Мартинез на тој начин стана само втор тим во историјата на Евролига во овој формат кој после 0-2 врзал три победи и отишол на Фајнал Фор. Претходно тоа го направи Реал Мадрид против Партизан во контроверзната серија во 2022/2023.
Најефикасен за победата на Валенсија беше бекот Бранку Бадио од Сенегал кој постигна 20 поени од кои дури 14 во трета четвртина кога се кршеше резултатот, имаше 5 скока и 2 асистенции.
Брекстон Ки кој цел натпревар го играше под заштитна маска поради скршеница на носот од пред неколку дена против Басконија, постигна 12 поени. Толку даде и лидерот на Валенсија сезонава Џан Монтеро.
Камерон Тејлор уфрли 9 поени, 7 скока и 5 асистенции. Кај ПАО само Најџел Хејс-Дејвис се одвои со 15 поени. Двоцифрен беше само уште Џеди Осман со 10 поени а целосно потфрли Кендрик Нан со 9 поени и 6 изгубени топки.

Валенсија доминираше во скокот (46/38), во асистенции (16/13), во блокади (8/2) и во одземени топки (7/4).
Педро Мартинез покажа зошто е најдобар тренер на сезоната.
На Фајнал Форот кој ќе се игра во домот на Панатианикос, во „ОАКА“ Арената во Атина од 22-ри до 24-ти мај ќе играат Олимпијакос, Реал Мадрид, Фенербахче и Валенсија. Шпанците закажаа дуел меѓусебе во полуфинале а Олимпијакос ќе игра против Фенербахче.