Непријатна ситуација за Мбапе, доби свирежи на Бернабеу

Во Реал Мадрид не е добар амбиентот. Останаа без ниту еден трофеј, Валверде и Чуамени се испотепаа, а Перез одржа напната прес конференција. Во 36. коло го совладаа испаднатиот Овиедо со 2:0, но слушнете ја реакцијата на навивачите кога стрелецот Гонзало Гарсија го напушташе теренот, а потоа кога Мбапе влезе.

И во комуникацијата меѓу Мбапе и Арбелоа нешто не штима.

„Не бев стартер бидејќи тренерот ми рече дека за него сум четврти напаѓач во тимот“, изјави Мбапе после мечот.

„Јас сум му рекол дека е четврти напаѓач во тимот? Не, никогаш не сум рекол такво нешто. Очигледно лошо ме разбрал“, реплицираше Арбелоа на пресот.

„Сексистичка, шокантна и нереална прес конференција на Флорентино Перез“ 

15 мај 2026 - 09:44