Астон Вила потроши „само“, кога мислиме само мислиме на астрономските суми во англискиот фудбал, 70,5 милиони фунти за засилувања што е далеку помалку во однос на повеќе премиерлигаши.
И покрај тоа Астон Вила ќе игра во финалето на Лига Европа против Фрајбург на 20-ти мај каде ќе се бори за прв историски пехар после оној највредниот во Куп на европски шампиони од 1982.
За сето тоа најзаслужен е чудесниот тренер Унаи Емери. Шпанецот кого едно време на Островот го исмеваа поради неговиот лош англиски, по отказот во Арсенал, од Шпанија се врати во Англија и докажа дека е светска класа тренер.

За сезонава на Астон Вила ѝ предвидуваа средина на табела, некои „стручњаци“ тврдеа дека ќе се бори за опстанок а виолетовите го разбија Ливерпул 4-2 во финишот на сезоната и осигураа место во Лига на шампиони за следната сезона. Вила собра 62 бода во 42 кола.
Овој резултат значи и дека шансите на Борнмут, Брајт и Брентфорд за историска сензација и пласман во Лига на шампиони преку 6-то место во Премиер лига се готови.
Првите шест екипи во Премиер лига ќе одеа во Лига на шампиони сам доколку се исполнеше условот Астон Вила да победи во финале на Лига Европа во среда но притоа да не биде петта на табела во Премиер лига.
Астон Вила ќе заврши на 4-то место во Премиер лига а во среда ќе игра за европски трофеј. И шестото место во Премиер нема да носи место во ЛШ следната сезона.

До доаѓањето на Баскиецот кој дури 4 пати ја освои Лига Европа, тимот од градот на „Пики Блајндерс“ од 1983-та година не видела Лига на шампиони. Со него на клупата 2 пати во 3 сезони.
Колку за споредба, Ливерпул и Челси потрошиле повеќе од 800 милиони фунти од Астон Вила за трансфери откако Унаи Емери е поставен за треенер. Само сезонава Челси потрошил 269 милиони фунти повеќе од Астон Вила.
Клубот од Бирмингем потрошил 45 милиони фунти на трансфери откако Унаи Емери е дојден во клубот а обезбеди 4 сезони во Европа од кои 2 во Лига на шампиони и 1 финале на Лига Европа.
Некогашниот предводник на ПСЖ со кого освои шампионска титула во Франција и 3 трофеи во француските Купови, ги водеше уште и Виљареал и Севиља од која се издигна во висините.

Емери дури 3 пати освои пехар во Лига Европа со Севиља и тоа 3 пати по ред!
Во 2019-та година го однесе и Арсенал во финале на Лига Европа но тогаш изгубија 4-1 од посилниот Челси. Во 2021-ва година Емери ја освои ига Европа и со Виљареал откако ги совлада Манчестер Јунајтед и Мурињо.