Белгискиот селектор не го викна на Светско златното дете на Ајакс

Французинот на клупата на Белгија Руди Гарсија го соопшти составот кој ќе го пријават во ФИФА за Светското првенство кое почнува во јуни. Тука се Кевин Де Брујне, Ромелу Лукаку и Тибо Куртоа, ама јавноста е шокирана зошто не е викнат најголемиот белгиски талент во моментов.

20-годишниот Мика Годтс, крилниот напаѓач и плејмејкер во Ајакс сезонава има 17 гола и 14 асистенции во сите натпреварувања и беше најдобар играч во холандското првенство.

Тој е роден во 2005-та, има само 20 години и се очекуваше да блесне на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Но селекторот Руди Гарсија не го повикал.

Списокот на Белгија тука 

16 мај 2026 - 12:35