Флорентино Перез глуми ептен бос во Мадрид. Еден ден откако одржа скандалозен прес со обвинувања и навреди кон новинарите, остави нов уште полош впечаток. На мечот против Овиедо, додека тој се расправаше со навивачи, обезбедувањето отстрануваше банери со најнормални критички пораки, без никаква недозволена политичка или верска позадина. „Флорентино, виновен“ и „Флорентино, оди си веднаш“, гласеа паролите на навивачите кои не се согласуваат со неговата политика.