Освен со триумфот на Марк Вебер, трката за ГН на Велика Британија во Силверстоун беше одбележана и со инцидентот на Камуи Кобајаши. Јапонецот од Заубер пребрзо влезе во боксот и удри во четворица механичари кои за среќа поминаа без посериозни повреди.
Британија имаше шанса по пауза од 76 години да има свој шампион на 126-то издание на Вимблдон, но Роџер Федерер го совлада Енди Мареј и ја освои својата 17-та Гренд Слем титула која повторно ќе го врати на врвот на АТП листата.
Украинецот Владимир Кличко продолжува да доминира во тешка категорија во верзиите WBA, IBF, WBO и IBO откако во шестата рунда од мечот во Швајцарија го нокаутираше Американецот Тони Томпсон.
Момент од натпреварот против Доминиканска Република што долго ќе се прераскажува. Монструозното забивање на Лестер Бо Мекејлеб преку Ал Хорфорд надополнето со коментарот на Трпевски.
И повторно како и на сите претходни Олимписки игри, Македонија наместо со бројна делегација во Лондон ќе биде претставувана од Васил Тупурковски и уште неколку спортисти кои можат да се избројат на една рака.
Вечерва со почеток од 23:30 часот, кошаркарската репрезентација на Македонија ќе го одигра можеби најважниот натпревар на предолимпискиот квалификациски турнир. Победа над Доминиканска Република носи пласман во полуфиналето и две шанси за Олимписка виза.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер му се заблагодари на Френк Лампард затоа што неговиот непризнат гол од Светското првенство во 2010-та година е главната причина за воведување на технологија на гол-линијата во фудбалот.
Ивана Шпановиќ која важи за една од најубавите спортистки, но и најнадежна атлетичкарка во Србија, оствари разочарувачки резултати на последното Европско првенство, а српските медиуми причината ја најдоа во нејзините силикони.
Сантјаго Силва од Бока Јуниорс не можеше да се помири со поразот во финалето од Копа Либертадорес и не беше расположен за снимање, па му го украде телефонот со кој еден новинар го снимаше на патот кон соблекувалните. Фудбалерот го вратил телефонот по интервенција на полицијата, но претходно избришал сè што било снимено.
Само од УЕФА како награда за освојување на Европското првенство, репрезентацијата на Шпанија доби награда од 23 милиони евра. Колку за споредба, азискиот шампион не добива награда, а африканскиот шампион за својата титула испадна во зијан.
За време на Европското првенство на телото на Марио Балотели и многу други фудбалери, како и сега за време на Вимблдон на телото на Новак Ѓоковиќ сигурно ги приметивте сините ленти и се прашувавте што е тоа чудо.
Поранешниот член на Борусија Менхенгладбах, Марко Ројс е избран за најдобат фудбалер на сезоната во германската Бундеслига од страна на неговите колеги.
Параолимпиецот Оскар Писториус откако ја доби битката со Светската атлетска федерација која не му дозволуваше да се натпреварува со „нормални" атлетичари, ја доби битката и со здравите колеги и ќе биде првиот човек без нозе кој ќе настапи на Олимписки игри.
По 102 години постоење, безброј титули во домашното првенство и еден трофеј од Светското клупско првенство, еден од најславните бразилски фудбалски клубови конечно ја освои титулата и од најпрестижното клупско првенство во Јужна Америка.
Како што се надевавме уште пред почетокот на предолимпискиот турнир, но на малку поинаков начин, Македонија во четвртфиналето сепак ќе се сретне со Доминиканска Република откако Нов Зеланд ја совлада Ангола.
Можеби е незамисливо за Македонија и некој очекуваше фузија ала Вардар-Миравци, но во Шкотска тоа навистина се случи. Најпознатиот шкотски и најтрофеен фудбалски клуб во светот, Глазгов Ренџерс е исфрлен од Премиер лигата.
Заврши Европското првенство во фудбал, па сега едвај чекаме да почнат Олимписките игри во Лондон. Додека чекаме да дојде 27. јули, да го погледнеме промо видеото на Би-Би-Си.
Го повторивме историскиот „успех“ од денот на дрвото во ноември. Фудбалската репрезентација на Македонија повторно падна на 103-та позиција, најслаб пласман на ФИФА ранг листата во последните 15 години. Пред нас се Зимбабве, Того, Малави...
Репрезентациите на Македонија, Грција, Порторико, Русија и Доминиканска Република обезбедија пласман во четвртфиналето на предолимпискиот квалификациски кошаркарски турнир во Венецуела. Во следната фаза Македонија ќе се сретне со Русија или Доминиканска Република.
Виктор Троицки имаше големи проблеми против својот пријател и сонародник Новак Ѓоковиќ во четвртото коло во Вимблдон, но си доби помош од публика. Тој го послуша советот и го доби поенот, но на крајот сепак загуби со 6-3, 6-1, 6-3.