
Владимир Кличко доминираше уште од самиот старт на мечот кој се одржа во швајцарскиот град Берн, а прв пат Томпсон се најде на подот во петтата рунда.
Томпсон успеа да стане и го продолжи мечот, но во следната рунда тој повторно беше нокаутиран и тоа беше крај за Американецот.
Со оваа победа помладиот од браќата Кличко си ги одбрани титулите од WBA, IBF, WBO и IBO верзиите, а Виталиј ја поседува титулата од WBC верзијата.
Ова беше 16-та победа во серија за Владимир Кличко и вкупно 58-ма на 61 меч.