По долга борба, потпретседателот на ФИФА, принцот Али од Јордан успеа во својата намера. Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ) им дозволи на муслиманките кои живеат во земји каде жените мора да носат марами, со нив и да играат на натпревари.
Бордот ги одобри марамите откако медицинскиот комитет на ФИФА заклужи дека дизајнот на два вида марами, не претставува опасност по безбедноста на фудбалерките.
Забраната за носење марами на фудбалски натпревар беше донесена во 2007-та година, а минатата година женската фудбалска репрезентација на Иран беше дисквалификувана од квалификациите на Олимписките игри во Лондон откако на фудбалерките не сакаа да прифатат да играат без марами.