Најголемата атлетска надеж на Србија, Ивана Шпановиќ во 2009-та година во дисциплината скок во далечина го освои златото на Универзијадата во Белград, а истата година го освои и среброто на Европското младинско првенство. Минатата година таа го освои среброто на Европското првенство во Острава, а оваа година на првенството во Хелсинки таа заврши на 15-та позиција.
Србите имаа големи очекувања од својата најтелентирана атлетичарка, па откако таа ги разочара, тие ја обвинија дека ја загубила аеродинамиката откако вградила силикони на градите. Нејзиниот личен рекорд е 6,78 метри, а на Европското првенство во Хелсинки таа скокнала само 6,33 метри.
Ова не е прв случај како силиконите им прават проблеми на спортистките. Светската шампионка во дисциплината 400 метри со пречки, Јана Ролинсон од Австралија, во 2009-та година вгради силикони, но само по една година таа реши да ги извади имплантите затоа што и сметале при трчањето.
Сепак таа изјави дека си ги обожавала големите гради и најави дека повторно ќе си вгради силикони откако ќе ја заврши кариерата.