Фудбалерите обедитени во Синдикатот на фудбалери во Германија (VDV) ги избраа најдобрите фудбалери од Бундеслигата за сезоната 2011/12.
Новиот член на Борусија Дортмунд, Марко Ројс со своите игри за Борусија Менхенгладбах ги импресионираше и своите колеги и доби 30% од гласовите.
Скоро двојно помалку гласови (16,3) има второпласираниот Франк Рибери од Баерн Минхен, а на третото место е фудбалерот на Шалке, Клас-Јан Хунтелар со 12,5%.
За најдобар тренер е прогласен Лусиен Фавр од Борусија Менхенгладбах, а најголемо откритие на сезоната е Давид Алаба од Баерн Минхен.
Според боројот на гласовите, идеалниот тим на Бундеслигата би бил составен од:
Марк-Андре тер Штеген - Филип Лам, Матс Хумелс, Данте, Лукас Пишчек - Франк Рибери, Давид Алаба, Шинџи Кагава, Марко Ројс - Клас-Јан Хунтелар и Марио Гомез.