
Капитенот на Лацио беше еден од уапсените во големиот скандал со наместени натпревари пред почетокот на Европското првенство. Тој помина една недела во притвор и откако беше пуштен на слобода, медиумите открија тикет за кој тврдат дека му припаѓа токму на поранешниот репрезентативец.
На тикетот се уплатени само два натпревари за 2 евра со добивка од 10.000 евра. Фиорентина-Наполи точен резултат 0:3 и Интер-Болоња точен резултат 0:3. Вкупен коефициент 5.000!