
Поразот од Ангола го забораваме, исто како да не се случил. Продолжуваме во четвртфиналето како првопласирани во групата Д и тоа благодарение на малото изненадување кое го приреди Нов Зеланд.
Новозеланѓаните одиграа подобро од нашиот вчерашен дуел, а пак кошаркарите на Ангола овој пат немаа среќа со реализацијата и на крајот Нов Зеланд славеше со 68:64,но оваа победа не им донесе пласман во следната фаза.
Трите репрезентации завршија со ист скор од една победа и една нерешена, но благодарение на подобрата кош разлика во четвртфиналето ќе патуваат Македонија и Ангола.
Помеѓу најдобрите осум на овој турнир од групата Ц се пласираа Русија и Доминиканска Република. Тие вечерва во меѓусебен дуел одлучуваа за пласманот и со победата од 84:69, репрезентацијата на Русија како првопласирана продолжи во следната фаза.
Тоа значи дека желбата на нашите кошаркари се исполни, односно во четвртфиналето ги избегнуваме старите познаници од Русија и во петок ќе се сретнеме со Доминиканска Република.