Offside

Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.

Помош од публика

Виктор Троицки имаше големи проблеми против својот пријател и сонародник Новак Ѓоковиќ во четвртото коло во Вимблдон, но си доби помош од публика. Тој го послуша советот и го доби поенот, но на крајот сепак загуби со 6-3, 6-1, 6-3.

Нов Зеланд совладан, одиме во четвртфинале

Со многу подобра игра од вчерашниот натпревар со Ангола, кошаркарската репрезентација на Македонија го демолираше Нов Зеланд со 22 поени разлика и обезбеди пласман во четвртфиналето на предолимпискиот турнир во Венецуела.

Нов Зеланд мора да падне

По стартниот пораз од Ангола на предолимпискиот квалификациски турнир во Венецуела, вечерва со почеток од 20 часот, кошаркарската репрезентација на Македонија мора да го победи Нов Зеланд во борбата за пласман во четвртфиналето.

Бекам го истури гневот

Не се исполни сонот на Дејвид Бекам кој посакуваше на крајот од својата кариера да настапи на Олимписките игри во Лондон, па тој својот гнев го истури на натпреварот против Сан Хозе.

Деца го посрамотија обезбедувањето на ОИ

Британците потрошија милиони на обезбедувањето и ангажираа 70 специјалци кои ќе бидат задолжени само за чување на факелот, но ниту тоа не беше доволно за да се спречи напад од две мали дечиња.

Загрозен вид: тениски судија

Мислевте дека тенисот е безопасен спорт? И оваа судијка го мислеше тоа се додека Марди Фиш не дојде на Вимблдон со неговиот сервис од 190 км/ч. А пред само две недели настрада уште еден судија на турнир во Лондон.

Му најдоа занимација на Реина

Пепе Реина, резервата на Икер Касиљас, има освоено повеќе трофеи отколку што има одиграно натпревари за Шпанија. А за да не му биде досадно, му најдоа и него занимација.

Големиот Икер Касиљас

Икер Касиљас уште еднаш потврди дека е голем џентлмен на теренот. Во последните секунди од финалето на Европското првенство против Италија, тој побара од помошниот судија да се свири крај на натпреварот од почит кон противникот.

Ништо не е загубено

И покрај поразот на стартот на предолимпискиот квалификациски турнир во Венецуела од репрезентецијата на Ангола, селекторот на Македонија, Марјан Лазовски верува дека ништо не е загубено и тимот е се уште самоуверен.

Македонија изненадена од Ангола

Со една добра четвртина не се обезбедува Олимписка виза. Оваа лекција денес нашите кошаркари ја добија од репрезентацијата на Ангола при поразот на стартот од предолимпискиот квалификациски турнир во Венецуела.

Лондон виа Каракас

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја има последната шанса да ја сруши лошата традицијата на македонскиот спорт и на Олимписките игри во Лондон нашата држава да биде претставена од многубројна делегација наместо со спортисти кои можат да се пребројат на една рака.

ЕУРО 2012 видео драма

Крајот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина беше одбележан со одлични видео монтажи од BBC и ESPN.

Андрес Иниеста е кралот на ЕУРО 2012

Шпанците доминираат и во тимот од најдобрите 23 фудбалери, а за најдобар играч на Европското првенство во Полска и Украина, техничкиот тим на УЕФА го прогласи шампионот Андрес Иниеста.

Проблематичниот Бенабад повторно напаѓа

Францускиот олимпиец Махидин Мекиси Бенабад повторно предизвика инцидент на атлетско натпреварување.

Кој ја мрдна шипката?

Настја Лиукин е една од најпознатите и најдобрите гимнастичарки во САД, но таа не се избори за настап на Олимписките игри во Лондон. Еве зошто.

Шпанците се запишаа во историја

На патот кон европската титула, репрезентацијата на Шпанија освен што прими само еден гол на цело првенство и во финалето ја демолираше Италија со 4:0, тие израмнија и срушија уште неколку рекорди од фудбалската историја.

Златната копачка за Фернандо Торес

Човекот кој ја одигра својата најслаба сезона во кариерата во дресот на Челси, покрај трофеите од Европското првенство и Лигата на шампиони, ја освои и наградата за најдобар стрелец на ЕУРО 2012.

Шпанија повторно на врвот на Европа

Во борба за европската титула, актуелниот шампион беше немилосрден со Италија и победи со високи 4:0. Шпанија е првата репрезентација која освоила три првенства во серија по триумфите на ЕУРО 2008 и СП 2010 и првата репрезентација која си ја одбранила европската титула.

Шпанија против Италија и традицијата

Дојде денот кој го чекавме четири години. На финалето на ЕУРО 2012, Италија ќе се обиде да ја спречи Шпанија да стане првата репрезентација која освоила три првенства во серија по триумфите на ЕУРО 2008 и СП 2010, но и првата репрезентација која си ја одбранила европската титула.

Керол на рехабилитација

Многу му падна тешко на Енди Керол по елиминацијата на Англија од Европското првенство, па тој мораше да замине на итна рехабилитација.

 

Стартува 99. издание на Тур де Франс

Започна велосипедската трка „Тур де Франс". Од белгискиот град Лиеж, па се до Париз, во следните три недели велосипедистите ќе поминат 3.500 километри во 21 етапа по кои Кадел Еванс ќе се обиде да ја одбрани титулата од минатата година.

Сите голови на ЕУРО 2012

Во пресрет на големото финале помеѓу Шпанија и Италија, да се потсетиме на сите голови од Европското првенство.