Кошаркарската репрезентација на Македонија претрпе пораз од Ангола, но ништо не е загубено. Шанси за Олимписка виза се уште постојат, а нашите кошаркари најавуваат борба до крај.
Следна пречка на патот кон Лондон е Нов Зеланд во чии редови недостасуваат двајцата главни играчи Кирк Пени и Том Аберкромби. Нашата репрезентација повторно е фаворит, но капитенот Перо Антиќ повика на поцврста игра во текот на целиот натпревар.
„Мора да се вратиме и да заиграме посилно. Да најдеме начин да се кренеме, да продолжиме да се бориме во наредните натпревари. Следниот е решавачки, или ќе продолжиме да се бориме, или ќе се вратиме дома. Мораме поенергично на теренот од стартот, не да чекаме противникот да направи предност, па потоа да ја бркаме. Мораме да се бориме максимално од почетокот во сите 40 минути", вели Антиќ.
Репрезентацијата на Нов Зеланд ни е познат противник. Минатотот лето во пријателски меч од подготовките за ЕП во Литванија на натпреварот во Скопје, нашата репрезентација славеше со 68:67, освојувајќи го турнирот „Трофеј Македонија".
Кошаркарската репрезентација на оваа земја е позната по перформансот пред секој натпревар изведувајќи го популарниот танц „Хака".