Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Една мелодија ги освои срцата на сите фудбалски навивачи од целиот свет до толку што организаторите на Европското првенство во Полска и Украина решија да ја пуштаат по секој постигнат гол. Како Seven nation army на White Stripes стана фудбалска химна?
Емигрантите од Гана, Томас и Роуз Барвуа во 1990-та година го прославија раѓањето на својот син Марио, но 22 години подоцна кога тој стана најголема ѕвезда во Италија, своите голови ги посвети на неговата бела мајка Силвија Балотели. Еве ја приказната за новиот италијански херој.
Пред почетокот на Европското првенство, репрезентациите на Германија и Шпанија беа прогласени за најголеми фаворити според кладилниците, а и покрај одличното издание на Италија во полуфиналето, Шпанците останаа фаворити и за финалето.
"GIGANTI D'ITALITA" осамна на една од насловните во италијанските весници, додека во Германија најчесто употребуван збор во извештајите од полуфиналниот натпревар против Италија е зборот „кошмар".
Крилниот центар од Кентаки чиј заштитен знак се веѓите (или една голема веѓа), очекувано беше избран за прв пик на НБА драфтот од страна на Њу Орлеанс Хорнетс.
Продолжува италијанскиот кошмар за најголемиот фаворит. Репрезентацијата на Италија повторно беше поуспешна од Германија и со двата гола на Марио Балотели се избори за финале против Шпанија на Европското првенство во Полска и Украина.
И покрај тоа што Барселона во последните години редеше успеси, фудбалскиот клуб не може да излезе од финансиската криза заради што во иднина ќе се намали буџетот за купување на фудбалери и ќе се одложи реновирањето на Камп Ноу.
Во епската битка за финалето на Европското првенство, Германија вечерва ќе се обиде да го разбие најголемото „проклетство" во интернационалниот фудбал. Германците никогаш ја немаат победено Италија на официјален натпревар.
Кошаркарите на Мајами Хит ја освоија титулата во НБА лигата по пауза од шест години, а пред почетокот на последниот натпревар од финалната серија против Оклахома, тие добиле мотивација од Леброн Џејмс.
На 28 јуни 1997-та година се одржа легендарниот бокс меч помеѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифид кој заврши со дисквалификација на „железниот Мајк" во третата рунда затоа што го гризна и му откина дел од десното уво на Холифилд.
Не му беше денот на Роналдо. Кутриот се изнапромашува цел натпревар, а на крајот не стигна ни да шутира пенал. Сепак ќе се запамети и по еден добар потег.
Репрезентацијата на Шпанија по четврти пат во историјата се пласираше во финале на Европското првенство откако по 120 минути без голови, актуелните европски шампиони беа поуспешни од Португалија по изведување на пенали.
Репрезентацијата на Португалија е последната која ја има победено Шпанија на едно големо натпреварување, а пред две години им го нанесоа и најтешкиот пораз во последниве педесетина години.
Додека претседателот на ФИФА, Сеп Блатер најавува што поскоро воведување на некој од системите кој ќе покажуваат дали топката ја поминала гол-линијата, неговиот колега од УЕФА, Мишел Платини смета дека тоа ќе биде историска грешка.
Женската тениска асоцијација (ВТА) има намера да ги мери и ограничува извиците на тенисерките, но оние гласните како Марија Шарапова, Викторија Азаренка и сестрите Вилијамс ќе можат да продолжат да си стенкаат на раат затоа што новото правило ќе почне да се применува за идните генерации на тенисерки.
Леон Најт, поранешниот член на Челси, КПР и Свонси, мотивиран од Дарко Панчев, сонува еден ден по завршувањето на кариерата да биде ТВ коментатор. Тој веќе почна да се вежба и тоа коментирајќи ги своите голови.
Поранешниот голман на прилепска Победа кој сега брани во словачкиот клуб Кошице, на пријателскиот натпревар со Рапид Букурешт направи кикс во стилот на Пол Робинсон.