
Чекаше и дочека. По девет години стаж во НБА лигата, Леброн Џејмс конечно го освои шампионскиот трофеј. Тој беше најзаслужен за титулата на Мајами, но на патот до врвот доби огромна помош и од своите соиграчи.
Во интервју за Sports Illustrated, Леброн Џејмс открива како тој ги мотивирал своите колеги пред почетокот на последниот натпревар од финалната серија против Оклахома Сити Тандер.
„Како би играле ако некој сега ви пријде и ви рече „Ако вечерва не победите, тогаш нема веќе да си ја видиш фамилијата"? Пристапете му на овој натпревар како вашата фамилија да е во опасност. Покажете колку многу сакате да си го видите семејството повторно!"
Кошаркарите на Мајами доминираа во текот на целиот натпревар и остварија лесна победа од 121:106.