Веќе подолго време тенисерките се бунат на нивните гласни колешки, па ВТА реши да преземе нешто во врска со тоа.
Во иднина главните судии на турнирите под организација на ВТА ќе имаат и уреди со кои ќе ги мерат децибелите кои ги испуштаат тенисерките при удирање на топчето, како и траењето на извиците. Тенисерките кои ќе претераат ќе бидат предупредени, а може да бидат и суспендирани.
Сепак тоа нема да се применува на актуелните тенисерки, туку ВТА ќе ги едуцира младите тенисерки од академиите и младинските турнири и новите правила ќе почнат да се применуваат за неколку години.
„Ако ги забраниме гласните извици ќе ѝ наштетиме на актуелната генерација на тенисерки. Што е прегласно? Што е предолго? Мораме на судиите да им дадеме адекватен алат за мерење. Замислете на одлучувачкиот поен на финале на Гренд слем турнир, судијата да го земе микрофонот и да каже „ова беше прегласно". Тоа не би било праведно кон тенисерките во овој момент, ниту пак би било праведно да го бараме тоа од судиите", изјавила претседателката на ВТА, Стејси Алистер.
За „кралица на стенкањето“ се смета Марија Шарапова на чии извици се измерени 101 децибели, а помеѓу погласните е и Венус Вилијамс со 85 децибели. Еве како изгледа еден нивни дуел: