Долгоочекуваниот бокс спектакл во Лас Вегас влезе во историјата, но за жал ќе биде запаметен по лошо.
Холифилд доминираше во првите две рунди, а Тајсон во трета рунда влезе со оток на десното око кој го заработи од удар со глава. Тоа како да го разлути „железниот Мајк" и во еден момент додека беа во клинч, му ги задржа рацете на својот противник и му го гризна десното Мајк во тој момент му одгриза дел од неговото уво и го исплука на подот.
Натпреварот беше во краток прекин, но во консултација со докторите, судијата донесе одлука дека борбата може да продолжи, а на Тајсон му беа одземени два бода.
Но Тајсон не се смири. Само неколку секунди по продолжувањето на борбата, тој повторно го гризна Холифид, но овој пат за левото уво. За среќа второто гризење беше послабо и овој пат увото не му беше одгризано.
Но тоа веќе беше доволна причина за судијата да го дисквалификува Тајсон кој ја изгуби контролата и ги нападна сите кои му се доближија, па мораше да интервенира и полицијата.
Мајк Тајсон заработи суспензија од една година, а за инцидентот мораше да плати и казна од три милиони долари.